Какви книги сакаат хороскопските знаци?
Вага
Љубовните романи, книги кои ја величаат убавината и животот се најдобриот предлог за претставниците на овој знак. Потрудете се да не ги натерате да читаат, бидејќи тогаш сигурно тоа нема да го направат, тие мораат за сè самите да се заинтересираат.
Скорпија
Темите кои се мрачни, тајни, табу теми, ќе преовладуваат на полиците од домашната библиотека на овој знак. Книгите за војна, секс и смрт се најлесни за разбирање за Скорпиите.
Стрелец
Стрелците сакаат филозофски книги и патописи. Може да читаат сè, но ако некоја книга им досади, веднаш поминуваат на друга.Припадник на овој знак тешко дека ќе чита бестселер. Сакаат патописи, класика, сериозна литература. Атласот е вистински подарок за Стрелците.
Јарец
Историските теми, класиката и практичната литература е она што го сакаат Јарците. Овој знак сака антиквитети, стари работи, па книгите од тие области ќе им бидат интересни. Бестселерите не ги интересираат, а книгите кои ги сакаат ќе ги прочитаат неколку пати.
Водолија
Водолиите сакаат необични книги, за научници и наука, како и научна фантастика. Сакаат книги кои бараат внимание, размислување, а не некое лесно четиво кое што опушта.
Риби
Романтичните приказни, романите чиј што заплет се случува во сон... тоа е она што го сакаат Рибите. Фантазиите, бајките, научната фантастика и филозофијата ќе го задржат вниманието на Рибите.
Би можело да ве интересира:





