Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој е вашиот омилен десерт според хороскопот?

Додека некој уживаат во чоколадната внатрешност, други уживаат во овошните вкусови. Биковите обожаваат солено-благи десерти, а Стрелците уживаат во нешто егзотично. Доколку сè уште не сте откриле врз база на што ги одбирате своите омилени слатки, еве ви можност да дознаете.

koj-e-vasiot-omilen-desert-spored-horoskopot-01

Ви ги претставуваме омилените десерти на секој хороскопски знак поединечно.

Овенот сака лесни и здрави десерти

Овенот вечно се бори со својот изглед, па затоа за десерт ќе се одлучи само ако се работи за здрави штрудли или ролати со интегралнно брашно. Бидејќи обожава зачини, тој ги сака и слатките со цимет, мускатно оревче и ѓумбир. Сепак, неговата внатрешност мора да биде лесна.

Омилен колач: Кекс со цимет и ѓумбир


Бикот сака колач со сирење

Бикот е земјен знак кој сака домашни, традиционални десерти. Тој е голем љубител на млечните производи, па затоа секој колач со сирење може да го одушеви. Голем гурман е и знае многу за десертите, па затоа несомнено на прво место му се кремастите десерти кои се неодоливо декорирани со јаболка, шлаг, карамела и што ли уште не.

Омилен колач: Cheesecake


Близнаците обожаваат овошни колачи

Близнаците обожаваат лесни десерти со умерено количество на шеќер. Сите овошни колачи за Близнаците се вистинско уживање. Бидејќи тие не сакаат да поминуваат многу време во кујната, нивните колачи најчесто се едноставни со многу свежо овошје и шлаг.

Омилен колач: Мини тартови со капини,банана и шлаг


Ракот е најголемиот зависник од чоколадо

Чоколадото е утеха и радост за секој Рак, бидејќи нема поголем зависник од него. За него не се тешки и најслатките десерти. Уживаат во кремови од чоколадо, овошни колачи со многу фил или пак во обичен мус. Овој знак обожава и десерти со алкохол.

Омилен десерт: Чоколаден пудинг или мус


Освежување за Лавот

Лавот сака големи десерти. Што повеќе, тоа подобро. Најдобро му одговара колачот со лимон или пак со било кое освежително овошје, бидејќи тој просто ги обожава таквите вкусови. Него најнеодоливо му делуваат сладоледите со различни вкусови, како и тортите со овошен фил.

Омилен десерт: Пита од лимон


Девицата попрво ќе испие кафе отколку да изеде колач

Девиците сакаат да се хранат здраво и пазат на прехраната. Прекумерното уживање во слатките и колачите не доаѓа во предвид. Девицата попрво ќе посегне по здраво фрапе од ванила и јагода, отколку за тежок кремаст колач.

Омилен десерт: Овошно смути

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Совршени зимски дестинации низ Европа за секој хороскопски знак Овен – Лондон со својата дива енергија е нивниот духовен дом. Овен – Лондон с...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg