Моден хороскоп: Водолија
Водолиите се прекрасни жени! Тип на жена која е инспирација на дизајнерите за нова колекција за следната година. Ова се жени кои не се облекуваат по последната мода, кои не ги пратат модните трендови затоа што модата е нешто минливо за нив.
Тие ќе го облечат неспоивото, тренерки и чевли, елегантни обувки и дебели чорапи и слични комбинации од кои ќе се фатите за глава. Сите ги гледаат како да се од некој паралелен свет, но со текот на времето сите сакаат да ги следат нивните луди комбинации. Имаат неверојатна моќ да ги предвидуваат модните трендови за претстојниот период, па затоа Водолиите се одлични модни советници за тоа што може да биде модерно за одреден период.
Колку и да сакаат брендирани парчиња облека, толку немаат проблем да носат нешто старо, од пред десетици години. Тие не се грижат дали нешто ќе изгледа скапо или ефтино, важно им е да им одговара на нивната ексцентричност и желба за експериментирање. Знаат точно што сакаат и како тоа да го искомбинираат за да изгледаат како штотуку да се симнале од модна писта.
Многу бои, асиметрични линии и неспоиви материјали се нивните омилени нешта во модата. Секогаш уредната коса е нивна силна страна, исто како и шминката која ги истакнува нивните најубави црти. Жените Водолии им пркосат на модните трендови, но тоа не значи дека не се секогаш модерни.
Модни предлози за жените родени во овој знак:
Идеална претставничка на жените Водолии:
Би можело да ве интересира:





