Моден хороскоп: Близнаци

Близнаците се мајстори за трансформација, кога станува збор за модата и стилот. Тие се способни во еден момент да бидат елегантни дами, а веќе во друг да изненадат со прекрасниот спортски стил. Исто така, умеат многу добро да ја комбинираат деловната облека и да изгледаат соодветно за секоја прилика. Можеби токму заради тоа поголем број од светски познатите модели се родени во овој хороскопски знак.

moden-horoskop-bliznaci-01

Нивната моќ за трансформација е неверојатна и тие се едни од жените кои постојано ги менуваат стиловите на облекување, сакаат промени, сакаат да експериментираат со изгледот на косата и од време на време да смислат по некоја луда комбинација. Можеби токму затоа и поседуваат голем број парчиња облека во својот гардеробер.

Склони се кон импулсивен шопинг, за што треба да водат повеќе грижа. Овие жени имаат вродена грациозност во својот чекор, а премногу често се загрижени за комбинациите кои ги носат, како што и делуваат – како да го поминале денот исклучиво пред огледало.

Насмеани и весели, почесто и брбливи, забележани се речиси секаде каде и да се појават. Заради тоа дамите родени во знакот Близнаци сакаат многу накит и модни додатоци, особено оние големите, впечатливите модели. Често пати може да ги сретнете како носат многу нараквици, огрлици и обетки во едно а сето тоа изгледа премногу вкусно и модерно.

Нараквиците и саатите често се нивен заштитен знак. Слаби се и на големи торби, од кои во никој случај  не се двојат. Како што се менуваат трендовите жените Близнаци секако ќе ја обноват гардеробата, без разлика на тоа дека минатиот пат биле свесни дека имаат полн гардеробер. Близнаците изгледаат многу помлади отколку што се, изгледаат како вечни деца и никогаш годините не им се пречка во стилот и модата.

Модни предлози за жените родени во овој знак:

moden-horoskop-bliznaci-1

moden-horoskop-bliznaci-2

moden-horoskop-bliznaci-3

moden-horoskop-bliznaci-4

moden-horoskop-bliznaci-5

moden-horoskop-bliznaci-6


Идеални претставнички на жените Близнаци:

moden-horoskop-bliznaci-7

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Кои 5 хороскопски знаци сонуваат за „кралска“ свадба? Вага - Свадбениот ден сакаат да го направат вреден за паметење, а претпочитаат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg