Хороскопот и сексот
Ве интересира ли како да заведете девица, или како сексуално да привлечете риба? Ви откриваме како да се однесувате со партнерот врз основа на хороскопскиот знак - каков секс би имале со водолија и каде да ја помилувате вагата!
Овен - Ставете му на знаење дека го обожавате, никогаш не му наредувајте, но и немојте да се согласувате за сè со него, тоа му е досадно.
Сакаат да доминираат, со нив сексот често е груб, брз и многу возбудлив. Сексуалано разбудете го со масажа и грицкање на усните.
Бик - Кај бикот е добро да уживате во старата народна поговорка дека љубовта излегува од желудникот.
Ќе ви се исплати бидејќи биковите се страствени и издржливи љубовници, но им недостасува иновативност.
Бакнување во врат ги излудува исто како и црвена крпа пред очите.
Близнаци- Сакаат да разговараат и се воодушевуваат ако им ги проширите хоризонтите.
Сакаат да експериментираат и не се срамежливи. Момчињата сакат да им ги бакнувате прстите а девојките дланките за да се чувствуваат како принцези
Рак - Ако им делите комплименти, внимавајте да бидете искрени и иновативни, во спротвно ќе ве прочитаат веднаш.
Дајте им чувство на доверба и дозволете им да ви помогнат. Нежен секс со раковите ги вклучува сите сетила, но немојте да очекувате некои посебни новости. Ги возбудува галење на градите.
Лав - Се возбудуваат на воодушевување и комплименти, па и кога не се сосема искрени. Многу се чувствителни и страствени љубовници.
Разнежнете ги до еротска масажа или нежно грепкање по грбот.
Девица - Бараат партнер кој ќе ги смири интелектуално. Многу ретко се одлучуваат за авантура, а во долга врска сексот со нив секој пат е сè подобар и подобар.
Прилично се конвенционални и не сакаат неочекувани ситуации во сексот. Стомакот им е главна ерогена зона.
Каков секс сакаат останатите знаци, откријте на следната страна...