Што кога тој си игра игра со вас?
Тешко е да се излезе како победник и да се чувствувате добро кога вашиот партнер или потенцијалната љубов се однесува незрело или си игра со вашиот здрав разум.
Еве неколку совети, по астролошките знаци, како да се однесувате во такви ситуации.
Овен
Вие не трпите, туку со сета сила возвраќате. Можеби дури и имате изливи на бес. Однесувајте се како големо бебе и бидете во најлошо издание. Оној кој вика најсилно-победува.
Бик
Вие најискрено мразите такви работи бидејќи сметате дека не се примерни. Постапете природно, инстиктивно и бидете тивки. Покрај тоа можете да извлечете кисела фаца и неколку пати да ја треснете вратата. Одбијте секаква услуга во тој момент. Вашиот партнер ќе се уплаши и ќе почне да се однесува посериозно.
Близнаци
Ако партнерот се обиде да манипулира, вие за секунда ќе го натерате да зажали. Вашата неверојатна способност да започнете безначаен разговор кој може неверојатно долго да трае значи дека вашиот партнер многу бргу ќе стори сè само за да ве замолчи. Затоа - продолжете да зборувате.
Рак
Оваа ситуација во вас најверојатно ќе предизвика родителски инстинкти. Ако и угодувате на таа личност премногу, вашиот партнер ќе стане незрел и ќе верува дека ве врти околу малиот прст. Одговорот е цврста љубов.
Лав
Морате да целите во срцето на проблемите за да ја преземете контролата над врската. Ако се наметнете – партнерот ќе се среди и ќе почне нормално да се однесува. Тој веројатно ги тестира вашите граници.
Девица
Ќе имате ден на одмор ако вашиот партнер почне да се однесува чудно. Аналитичарот во вас веднаш ќе дојде до израз. Неколку вистински провокативни прашања, заедно со неодобрувачки поглед и на вашиот партнер ќе почне да му биде непријатно. Никој не може да поднесе толку испитувања.
Уште 6 знаци на следната страна...