Како вашиот хороскопски знак ви предизвикува несоница?

Останувате уморни и дремете на пат кон работа, а ако одите на испит уживате во дремење на клупите во амфитеатар. Во вашиот фрижидер задолжително има ред бул без кој не можете да си ја замислите егзистенцијата. Кафето ви е до рака место будилник.

kako-vasiot-horoskopski-znak-vi-predizvikuva-nesonica-01.jpg

Што ги предизвикува вашите навики за спиење, откријте низ влијанието на вашиот хороскопски знак на шеговит начин.

Овен
Поголеми ви се шансите да се набодете на сопствените рогови отколку да заспиете. А, зошто да спиете и онака ова е само губење време. Вие се кладите со себе дека можете да издржите. Ако не спиете може да ја завршите работата за наредните 5 дена или да спремите испит.

Бик
Не можете да спиете додека не направите ручек за цела следна недела. А, додека готвите си каснувате па сега ви е тешко заради тоа што сте се прејале. Туку што ви прегоре млекото. Ах, земете здив и дајте си дремка. Барем малку сон не е на одмет. Домашните работи можат да почекаат.

Близнаци
Ви се спие, но сакате да изгледате неуморни. Би се нурнале во кревет, но вашиот ум се качува на Хималаите, вози велосипед или е излезен на журка. Телото не ви е во согласност со главата.

Рак
Лежите во кревет, но се грижите дали сите останати заспале и дали внукот на вашата колешка вечерва ќе има кошмари за кловнови. Ало, освестете се. Време е да водите малку грижа за себе наместо за целиот свет.

Лав
Се нервирате заради евтината постелнина на која спиете во моментот. Кој воопшто спие на фротирски чаршаф? А, сонувате за мек огромен кревет прекриен со црвена свила. Што велите да си легнете и да заборавите на што спиете, а да се одморите малку повеќе?

Девица
Не можете да склопите око откако чувте на реклама на Дормео дека душекот е омилено збиралиште на бактерии. Се одлучивте да ја исчистите целата постелнина, почнавте да умислувате напади на астма. Има да си купите нов душек па што сака нека биде.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Една работа со која секој хороскопски знак ги нервира луѓето околу себе Рибите се најчувствителни од сите хороскопски знаци. Па, ако кажете нешто што не...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg