Како вашиот хороскопски знак ви предизвикува несоница?
Вага
Хм, да си легнам или да го догледам филмов? Можда е ипак подобро да си легнам. Ама утре нема да имам кога да го гледам филмов ме чекаат еден куп обврски. А, ако го гледам сега па утре ќе бидам мртов уморен и нема да ги завршам обврските. Или ќе успеам? Па 90 минути не се многу. Ама ако заспијам одма откако заврши филмот. Ама дали ќе заспијам одма???
Скорпија
Скорпијата менува спиење за секс. Не е важно со кого, важно е да ужива во некоја добра поза од кама сутра. Зошто да спие кога може да биде активна на дело и да ужива во благодетите на сексот?
Стрелец
Стрелците уживаат да си најдат работа која е надвор од секојдневните обврски. Истражување на авионски карти за наредната година, места кои треба да се посетат, каде ќе прави свадба кога ќе се мажи/жени здравје боже...кому му треба сон ако сонувате будни?
Јарец
Несоница? Вие? Па дури и да ви се случи вакво нешто, вие ова го имате предвидено и уште во корен отсечено. Кај вас се знае. Во кревет се оди во 10, се станува во 6. Несоницата не е болест, туку само изговор за неодговорност. Па и да не спиете, ќе направите три пати повеќе работи од сите останати, ќе бидете први на работа и никој нема да забележи дека сте уморни.
Водолија
Спиењето е премногу конвенционално. Вие најпрво ќе си медитирате, за да може да си ја смирите душата после добрата журка. Малку јога, малку кафе, малку туширање. Чекај да видиме кој има на Скајп? Оп, еве го овој/оваа од пред 3 години летото што се запознавме на одмор...и така ќе ви летне ноќта.
Риби
Срцето ви е скршено на стотина парчиња. Прво ќе читате љубовна поезија, па после ќе слушате малку тажни песни кои ве допираат право во срце. Три романтични комедии и пакетче марамчиња. А, да се опуштите малку за промена? Да, од утре веќе нема. Ама така рековте и пред 6 месеци.