Како се однесува секој хороскопски знак кога се чувствува безнадежно?
Вага
Може да биде тешко да воочите кога некоја Вага минува низ тежок период бидејќи овие луѓе мразат да се жалат. Сепак, јасно им е дека не треба да се изолираат, па во тешките мигови сакаат да се опкружат со пријатели.
Можеби нема да ги споделат своите мисли со саканите, но штом се поекстровертни од вообичаено, тоа обично е знак дека нешто ги мачи.
Добро е што овие дружби им помагаат, дури и ако не разговараат за грижите.
Скорпија
Скорпиите можеби најдобро се справуваат со негативните емоции бидејќи се мошне отпорни.
Тие нема да бегаат од емоциите и ќе си дозволат извесен период да се чувствуваат тажно и мизерно бидејќи знаат дека нема ништо лошо во тоа.
Единствен проблем е што обично се справуваат со своите емоции потполно сами и тешко дека некој ќе познае дека им се случува нешто.
Стрелец
Стрелците мразат да чувствуваат непријатни емоции како тага и анксиозност и во овие мигови само пробуваат да избегаат што е можно подалеку.
Ако можат, ќе отидат и на другиот крај на светот, но наместо да уживаат, постојано ќе се чувствуваат под стрес.
Неретко е очигледно кога не се чувствуваат добро бидејќи ги избегнуваат саканите, но им треба само малку внимание за да ги споделат проблемите.
Јарец
Обично Јарците ги кријат своите емоции, но кога навистина се чувствуваат безнадежно, тогаш не им е проблем и да заплачат пред некој друг.
Тие не сакаат да бидат сожалувани, туку во овие мигови им треба некој што ќе ги разбере и ќе ги потсети дека е во ред да бидат ранливи.
Знаат како да се справат со лошите емоции, но сакаат и малку поддршка, па нема да им биде проблем да ја побараат.
Водолија
Водолиите уживаат во самотијата кога се среќни, што значи дека сакаат да бидат сами и кога се чувствуваат безнадежно.
Обично им е тешко да ги препознаат ваквите чувства и не им е јасно што точно чувствуваат. Па, затоа се изолираат – за подобро да ги разберат своите емоции и да си дадат простор да ги надминат.
Сепак, ако ова трае предолго, може да им треба пријател кој ќе ги извлече од лошата ситуација.
Риби
Рибите се во допир со своите емоции и доброто е што никогаш не ги игнорираат. Иако некогаш се расеани и не знаат како да се справат со безнадежноста, секогаш наоѓаат утеха во уметноста.
Поради креативноста, знаат да ја претворат својата тага во уметност и ова дефинитивно им делува како вид терапија.
Во ваквите мигови може да им помогне ако саканите покажат интерес за она што го креираат, бидејќи со ова им се дава можност да зборуваат за своите проблеми.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





