Хороскопот и неверството: Дали и како изневерувате?
Вага: Вистински флерт мајстори. Ќе познаете дека ве изневерува кога драстично го менува мислењето и вниманието околу својот изглед. Неверството нема да го признаат туку ќе се правдаат на секој можен начин. Веднаш штом ќе здогледаат згодно момче/девојка, тие се впуштаат во флерт, а неретко и во неверство.
Скорпија: Пробува да се контролира, но кога на другата страна стои силна и убава личност, сета нивна сила паѓа во вода. Тие не го поднесуваат неверството, па поради тоа тешко се носат и со своето и имаат грижа на совест.
Стрелец: За нив сексуалноста е како рекреација. Во ништо не постојат ограничувања и граници, па ако некој им ги наметне, таа личност станува минато. Сакаат се што е забрането и затоа неверството доаѓа во предвид. Кога љубовта пробува да бледнее, не се обидуваат да ја вратат.
Јарец: Не се склони кон авантури и неверство, туку се најголеми пропагатори на верност. Сепак, во случај на поголемо количество испиен алкохол, може да дојде до изневерување на партнерот.
Водолија: Никако не смеете да дозволите во нивниот живот да влезе монотонија. Сакаат да се забавуваат, имаат слободен дух и секој околу себе го сметаат за пријател. Авантурата е составен дел од животот, а доколку Водолијата покрај вас е мирна и тивка, тоа значи дека повеќе не сте интересни и за брзо време ќе тргне во авантура.
Риби: Тие сакаат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ни самите не знаат што им треба и што сакаат. Трај – прај.