Во кој знак од египетската астрологија сте родени и што тој открива за вас?
Дали сте родени во знакот на Амон-Ра – кралот на боговите, или, пак, во знакот на Бастет – божицата на мачките и задоволството?
Во египетската астрологија има 12 знаци кои се претставени од моќните божества од митологијата на древните Египќани, како и реката Нил која е важен дел од нивните митови.
За разлика од распределеноста на знаците во западната астрологија, во египетската секој знак зафаќа неколку денови во неколку месеци.
На пример, знакот Амон-Ра го опфаќа периодот од 8-ми до 21-ви јануари, како и периодот од 1-ви до 11-ти февруари.
Кој е вашиот знак во египетскат астрологија и што открива за вас?
Нил
- Датуми: 1-7 јануари, 19-28 јуни, 1-7 септември, 18-26 ноември
Прв е единствениот знак кој не претставува божество, туку се однесува на реката Нил, за која древните Египќани верувале дека им дарува живот.
За луѓето родени во овој знак се верува дека се смирени, практични и интелигентни. Не сакаат конфликти и секогаш се трудат да ја задржат хармонијата околу нив.
Иако некогаш паѓаат под влијание на нивните страсти, мудроста не им дозволува да делуваат непромислено.
Добри набљудувачи се, а имаат и изразена интуиција.
Амон-Ра
- Датуми: 8-21 јануари, 1-11 февруари
Во египетската митологија, Амон-Ра е крал на боговите, па ова е еден од најмоќните астролошки симболи во нивната астрологија.
Родените во овој знак се самоуверени, учтиви и оптимистички настроени.
Главно се ефикасни лидери кои знаат да воспостават контрола, но и секогаш да ја донесат вистинската одлука.
Мут
- Датуми 22-31 јануари, 8-22 септември
Третиот знак ја претставува Мут, божицата која го штити човештвото и е позната како мајка на светот.
Родените во овој знак се чувствителни, лојални и мошне дарежливи.
Овие луѓе неретко се целосно фокусирани на своите цели и се амбициозни.
Секогаш се заштитнички настроени кон другите и обично се одлични родители.
Геб
- Датуми 12-29 февруари, 20-31 август
Геб е богот на земјата, а древните Египќани верувале дека неговата смеа е причина за земјотресите.
Луѓето родени во овој знак се верни, отворени и чувствителни.
Некогаш делуваат како да се премногу емотивни, но оваа одлика всушност ги прави привлечни.
Одлични пријатели се, иако на почетокот можат да делуваат срамежливо пред луѓе што не ги познаваат добро.
Озирис
- Датуми: 1-10 март, 28-18 декември
Во египетската митологија, Озирис е господар на подземјето.
Луѓето родени во овој знак се интелигенти и независни, а истовремено и ранливи.
Можат да бидат силни лидери, а скоро никогаш не се откажуваат од своите цели.
Иако некогаш делуваат агресивно и себично, секогаш го кажуваат она што го мислат.
Изида
- Датуми: 11-31 март, 18-29 октомври, 19-31 декември
Изида е божица на природата, а луѓето родени во овој знак се искрени и директни.
Многу се друштвени и вистински романтичари во душа, а поседуваат одлична смисла за хумор.
Најдобро се снаоѓаат во тим и се одлични соработници, но и пријатели.