Во кој знак од египетската астрологија сте родени и што тој открива за вас?
Тот
- Датуми: 1-19 април, 8-17 ноември
Тот е богот на учењето и мудроста.
Според египетската астрологија, родените во овој знак се мудри, енергични и храбри.
Можат да бидат многу самокритични и секогаш бараат начин да се подобрат.
Многу се иновативни и сакаат да учат нови работи.
Хорус
- Датуми: 20 април – 7 мај, 12-19 август
Едно од најмоќните божества во египетската астрологија е Хорус – богот на небото.
Луѓето родени во овој знак се храбри, амбициозни и оптимистички настроени.
Секогаш се практични и можат да бидат одлични лидери бидејќи ги инспирираат другите.
Вредни се и знаат како да соработуваат со другите.
Анубис
- Датуми: 8-28 мај, 29 јуни – 13 јули
Анубис е богот на балсамирањето, а воедно и чувар на подземјето.
Родените во овој знак се самоуверени и љубопитни.
Обично се вреди и креативни, но бидејќи се интроверти, најефикасни се кога работат сами.
Сет
- Датуми: 28 мај – 18 јуни, 28 септември – 2 октомври
Богот на хаосот и насилството е Сет.
Родените во овој знак се перфекционисти и мошне храбри и смели.
Секогаш бараат предизвици, имаат одлични комуникациски способности и обожаваат кога се во центарот на вниманието.
Баст
- Датуми: 14-28 јули, 23-27 септември, 3-17 октомври
Баст е женско божество, односно божица на мачките, плодноста и задоволството.
Луѓето кои се родени во овој знак секогаш бараат хармонија и избегнуваат конфликти.
Харизматични се и чувствителни, а секогаш можат да се потпрат на својата интуиција.
Во овој знак се раѓаат едни од најдобрите партнери бидејќи се лојални посветени.
Секмет
- Датуми: 29 јули – 11 август, 30 октомври – 7 ноември
Последниот знак во египетската астрологија е претставен со Секмет – божицата на војната.
Родените во овој знак имаат две главни одлики – од една страна се дисциплинирани, додека од друга се поопуштени.
И, овие две страни магично коегзистираат.
Овие луѓе се перфекционисти и многу праведни.
Спирова С. | Црнобело