5 најкомплицирани хороскопски знаци – никој не може да ги разбере
Скорпиите се водачи на групата комплицирани хороскопски знаци. Во една минута, мислите дека ви се најдобри пријатели, ги споделуваат своите тајни и покажуваат лојалност, а во следната, тие веќе имаат ладен однос и се чудите што и каде сте погрешиле.
Независно дали станува збор за врски, емоции, пријателства или дури и за нивните сопствени мисли – има 5 хороскопски знаци кои секогаш ќе направат да се чувствувате збунето и да не знаете на што сте.
Тие се комплицирани, тешки за читање, прекриени со повеќе слоеви и полни со контрадикции.
Но, што е тоа што ги прави толку интригантни?
Прочитајте повеќе:
Скорпија – мастер на мистериите
Скорпиите се водачи на групата комплицирани хороскопски знаци.
Во една минута, мислите дека ви се најдобри пријатели, ги споделуваат своите тајни и покажуваат лојалност, а во следната, тие веќе имаат ладен однос и се чудите што и каде сте погрешиле.
Нивните емоции се длабоки, но не очекувајте дека ќе ги изнесат пред вас и дека ќе ви го отворат срцето.
Тие се генијалци за чување на емоциите заклучени, бидејќи се плашат да не бидат ранливи и повредени.
Спојте го сето ова со нивната тенденција да држат лутина до бесконечност, и го имате рецептот за комплексност.
Но, нивниот интензитет и пасија се тоа што ги прави магнетски привлечни. Комплицирани се, но откако ќе го пробиете кодот, ќе најдете бескрајно лојална и фасцинантна личност.
Близнаци – парадокс во движење
Ако познавате Близнаци, веројатно сте ја искусиле нивната двојна природа од прва рака – тие се еден од најтешките знаци за разбирање.
Еден ден се опуштени и забавни, а другиот, тие се изгубени во сопствените мисли, промислувајќи ја секоја ситница.
Како да имаат две личности во едно тело, а ги менуваат ликовите додека да трепнете.
Имаат одлични комуникациски способности и можат да ве шармираат и хипнотизираат со еден потег, но кога се работи за нивните чувства, со среќа во обидот да допрете до нив.
Постојано жонглираат со милиони мисли, идеи, емоции, а тоа ги прави непредвидливи, и да бидеме реални, истоштувачки понекогаш.
Но, токму комплексноста ги прави возбудливи – со нив ретко е здодевно, љубопитни се и никогаш не знаете со што ќе ве изненадат.
Риби – енигма од соништата
Рибите се сонувачите во Зодијакот, но не дозволувајте нивната мека и чувствителна природа да ве излаже – тие се покомплицирани од што мислите.
Тешки се за да ги прочитате, а работите ги чувствуваат лично, премногу лично и ги допираат длабоко во душата.
Можат да плачат на тажна реклама, но може и да ги здоболат емотивни рани од нешто што се случило пред години, исто како да било вчера.
Тие се сочувствителни, често ги ставаат туѓите потреби пред своите, но нивната комплексност се крие тука – може да потонат во сопствениот свет од соништата, што губат осет за реалноста.
Во еден момент се опседнати и посветени на вас, а во другиот, ќе се изгубат во сопствените мисли, сонувајќи со отворени очи за којзнае што.
Трикот е во тоа што тие имаат тенденција да избегнуваат конфликти и наместо да ви кажат што не чини, тие ќе се повлечат во својата школка и ќе се надеваат дека вие магично ќе сфатите.
Но, ако успеете да ги разберете сите нивни слоеви, ќе откриете некој кој сака длабоко и гледа на светот на начин за кој другите може да сонуваат.
Јарец – победник со емоционален гард
Јарците површински личат како да се средени и безгрижни, но под тој кул став, се крие еден од најкомплицираните хороскопски знаци.
Тие се желни за достигнувања и се мастери за криење на емоциите, кои често имаат лажен став како да им е сеедно и дека не им е гајле. Но, не е така.
Тие се тешки и кон себеси, секогаш се стремат кон успеси и совршеност. Постојаниот притисок ги прави емоционално недостапни и тешки за читање.
Не се добри во отворање на срцето бидејќи се плашат дека ранливоста ќе ги направи слаби – нешто со што не можат да се справат.
Но, не ја мешајте нивната комплексност со ладност. Кога еднаш ќе ги преминете нивните ѕидини кои служат како штит, ќе сфатите дека се неверојатно лојални и грижливи. Само не знаат да го покажат тоа на очигледен начин,
Ако сте доволно трпеливи да се навигирате до крај низ нивниот емоционален лавиринт, ќе најдете некој кој ќе помести планини за луѓето кои ги сака.
Водолија – чудна мистерија
Ова е знак кој маршира по ритамот на сопствениот тапан, кој никој не може да го предвиди. Тие имаат слободен дух, независни се и алергични на сето она што е клише.
Тоа што ги прави комплицирани е нивната поврзаност со емоциите. Не е дека не се грижат, но повеќе приоритет даваат на логиката отколку на емоциите, што прави да делуваат ладни и индиферентни.
Водолиите не сакаат да се чувствуваат врзано и си ја ценат слободата повеќе од сите останати работи и тешко одржуваат врски.
Но нивната комплексност е дел од нивниот шарм. Тие се визионери кои го гледаат светот на уникатен начин, а ако сте доволно среќни да им се приближите малку повеќе, нема да запознаете никој друг како нив.
M. M. | Црнобело