Љубовен хороскоп за јануари 2025: Бикови – се враќате на бившите, Стрелци – ќе доживеете филмска љубов

ljuboven-horoskop-za-januari-2025-bikovi-se-vrakjate-na-bivshite-strelci-kje-dozhiveete-filmska-ljubov-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Првиот месец од годината може да ви биде малку тежок и да бидете прилично лути и напнати, вознемирени, а за тоа често ќе ги обвинувате другите, најчесто партнерот. Потрудете се да имате малку повеќе разбирање и кога ќе се справите со вашите проблеми, да оддадете благодарност што го имајте покрај себе. Испланирајте некое заедничко патување или активности кои повторно ќе ве зближат и ќе се вратат страстите.

Ако сте слободни:

И слободните претставници на знакот ќе бидат благо растроени и вознемирени, но помалку ќе реагираат и ќе гледаат да најдат спас во љубовта. Може да запознаете личност која фатално ќе ве привлече, но внимавајте, може да направите и некои непромислени одлуки и да влезете во тајна врска, односно вие да бидете третата личност. Крајот на месецот може да открие секакви тајни. Бегајте од сплетки.

Скорпија

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот можни се некои несогласувања на љубовен план, а до крајот на јануари комуникацијата ќе се влоши значително ако веднаш не преземете нешто. Покажете толеранција и не очекувајте работите да излезат секогаш како што сте си ги замислиле. Ќе бидете принудени да правите баланс и компромиси, а зголемениот број обврски нема многу да ви одат во прилог. Издржете.

Ако сте слободни:

Слободните припадници на знакот ќе се „затрескаат“ во личност за која ќе мислат дека е недостижна за нив, заради разлики во образование, професија, друштвен статус или некоја слична причина. Немојте да ја криете несигурноста со агресивни испади, останете нормални и не ги форсирајте работите. Ќе ја избркате личноста од себе уште пред да ѝ се приближите ако покажете лажна и нападна маска.

Стрелец

Ако сте во врска:

Првите денови од месецот ќе бидат исполнети со оптимизам и романтични моменти. Ќе уживате во заедничките активности, ќе бидете посветени на саканата личност, на изненадувања и дела кои покажуваат љубов. Единствено на што треба да внимавате се ситуации од минатото, кои може да направат проблеми ако испливаат на површина.

Ако сте слободни:

Слободните Стрелци може да се впуштат во некоја виртуелна врска на далечина, но внимавајте, тоа е возможно само ако односите се прилично стабилни. Во спротивно, ќе си го изгубите времето, а може да бидете жртва на измама. До крајот на месецот може да ви се случи и филмска љубов со некој од работното место или што ќе го запознаете на патување.

Јарец

Ако сте во врска:

Бидете многу внимателни во комуникацијата со саканата личност бидејќи секој обичен разговор може лесно да прерасне во расправија со конфликт за спротивни мислења. Ако не успеете доволно да се контролирате, може да дојде дури и до разделба. Постабилните парови ќе создадат семејство или ќе го прошират, останатите, ќе стават крај на љубовта.

Ако сте слободни:

Време е да се преиспитате и да направите некои промени во животот. Ви се отвораат врати за нови работи, само треба да размислите дали сакате да ги прифатите. Може да наидете на непријатни ситуации како неприфаќање на партнерот од страна на родителите или опкружувањето. Направете добра и паметна проценка.

Водолија

Ако сте во врска:

Водолиите кои минатата година ја завршија малку побурно, почетокот на јануари ќе имаат повторно среќа и ќе живеат волшебна љубовна бајка. Ова е период кога може да се срушат сите бариери и да се направат многу за љубовта и страста. Но, внимавајте да не претерувате, во спротивно ќе ја платите цената за тоа.

Ако сте слободни:

Слободните Водолии треба да бидат повнимателни со каков тип на луѓе се гледаат и флертуваат, може да оставите лош впечаток, но и да влезете во непотребни проблеми. Немојте да правите компромиси кои не се по ваша волја и не ви одговараат, секогаш може да ставите крај на што и да е и да свртите нова страница, во потрага по подобра љубов.

Риби

Ако сте во врска:

Ќе се наоѓате измеѓу многу обврски и одржување на љубовниот живот. Ќе мора да најдете добар баланс за да ги одржите односите со партнерот барем на добро ниво. Ќе бидете склони на расправии и претерано анализирање на меѓусебното однесување. Ако не успеете да ја исконтролирате и изменаџирате целата животна ситуација – нешто ќе пукне, а веројатно тоа ќе биде љубовта. Изборете се ако сметате дека вреди.

Ако сте слободни:

Слободните Риби може да запознаат шармантна личност на неочекувано место, која ќе ви остави многу силен впечаток. Веројатно брзо ќе се впуштите во љубовна авантура која може засекогаш да ви го промени животот. Но, ако не успеете веднаш да воспоставите односи со разбирање и имате чести недоразбирања, не си го трошете времето.



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...
Љубовен хороскоп за август 2024: Лавови – во врската ќе се разгорат емоции за трета личност Зафатените Овни ќе наидат на бурни односи во првата половина од месецот и загриж...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg