По што копнеете најмногу, според хороскопскиот знак?
Вага – да имате сè
Вие сте личност која верува во баланс.
Па, вие немате една голема цел, туку сакате да бидете успешни во секој аспект од животот.
Сакате успешна кариера, но и доволно време за одмор и патувања. Сакате добар партнер, но и доволно време за себе и вашите хобија.
И, како личност која е мошне организирана, со малку труд, сигурно лесно ќе го постигнете сето ова.
Скорпија – вистинска љубов
Можеби никој не би претпоставил, но за вас најважно е да го имате вистинскиот партнер покрај себе.
Личност на која ќе можете да се потпрете и некој кој вистински ќе ве разбере и прифати, со сите недостатоци.
Не сакате ништо повеќе од тоа да изградите иднина со личност која ја сметате за вашата сродна душа.
Стрелец – авантура
Вие мразите да бидете врзани за едно место и она по што најмногу копнеете е авантурата.
Не можете да стагнирате подолг период и секогаш го планирате следниот голем чекор.
Без разлика дали станува збор за одмор, учење во странство или само деловно патување, потребно е ви да имате нешто ново (и по можност возбудливо) пред вас.
Јарец – успех
Како најамбициозниот знак во зодијакот, веројатно и не изненадува што најмногу копнеете по успех.
Сакате да го стигнете врвот во вашата кариера, да бидете над сите и, секако, да си обезбедите финансиска стабилност.
Притоа, не ви е доволно само да успеете, сакате и другите да ви се восхитуваат и да ве гледаат со почит.
Водолија – промена
Вашат најголема желба не се однесува само на вас, туку на сите луѓе, на целото човештво.
Вие сакате да видите позитивна промена во светот и сметате дека некако можете да придонесете за неа.
Постојано барате начин да го направите светот подобро и поубаво место за живеење и ова ви е главниот поттик во животот.
Риби – духовен развој
Како знак со најизразена духовност, вашите цели и амбиции не се поврзани со материјалното.
Вие копнеете по духовен развој и поради ова чувствувате наклонетост кон работи кои ви ја хранат душата.
Сакате да се поврзувате со другите на подлабоко ниво и кога ќе ја доживеете таа конекција, дури тогаш ќе се чувствувате исполнето.
Спирова С. | Црнобело