По што копнеете најмногу, според хороскопскиот знак?

Близнаци, имате толку многу хобија, интереси и идеи, што еден живот не ви е доволно за да им се посветите на сите. Па, вие копнеете по повеќе време.

po-shto-kopneete-najmnogu-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Сте ние имаме една голема желба по која копнееме повеќе од што било.

Обично ова е желбата што треба да ни се оствари за да се чувствуваме исполнето и вистинско среќно.

По што копнеете вие, според хороскопскиот знак?

Овен – слобода

Вие сте личност со натпреварувачки дух, па повеќето мислат дека најважни ви се амбициите и успехот.

Сепак, ова не е вашата крајна цел.

За вас, победата нема да значи ништо ако на крај не сте слободни.

Вам најважна ви е независноста. Сакате да можете сами да се грижите за себе, а притоа да имате забавен живот и можност сами да располагате со вашето време.

Бик – комфор

Вие сте вредна и посветена личност која честопати ги тестира своите граници.

А, сиот труд се сведува на едно нешто – комфор.

Ќе наравите сè што е во ваша моќ за да си го овозможите удобниот и луксузен живот што го посакувате.

Подготвени сте да жртвувате многу ако знаете дека на крајот ќе го добиете токму тоа.

Близнаци – повеќе време

Имате толку многу хобија, интереси и идеи, што еден живот не ви е доволно за да им се посветите на сите.

Постојано „скокате“ од еден проект на друг и пробувате да натрупате што е можно повеќе работи во вашиот распоред.

Па, јасно е дека најмногу копнеете по повеќе време за да можете да ги прочитате сите книги, да ги научите сите јазици, да ја посетите секоја дестинација на светот…

На овој начин не би морале да избирате, туку ќе можете да направите сè што сакате.

Рак – семејство

Оваа ваша желба не се однесува само на деца, туку на луѓе кои ги сметате за семејство.

Без разлика дали тоа се родители, партнер, но и пријатели кои ги гледате како семејство, вашиот приоритет е односот со овие луѓе.

Најголем сон ви е да најдете заедница на којашто можете да се потпрете и каде што знаете дека ќе бидете разбрани и ценети.

Лав – слава

Вие сакате да сте во центарот на вниманието и веројатно судено ви е да бидете славни и познати.

Додека некои бегаат од вниманието, вие ја користите секоја можност за сите очи да бидат вперени во вас.

Вие сте родени за да бидете во центарот на вниманието, а поради природната харизма, луѓето сакаат да ве гледаат.

Девица – признание

На прв поглед делува како совршенството да ви е најважното нешто.

Обрнувате внимание и на најмалите детали и сакате работите да бидат беспрекорни.

Но, вам многу поважно ви е другите да го забележат сиот трудот што го вложувате.

Сакате да добиете признание, барем одвреме-навреме.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg