Дали ви се поважни парите или љубовта, според хороскопскиот знак?
Вага – љубов
Исто како Биковите, и Вагите се под влијание на планета на парите и љубовта – Венера.
Но, бидејќи се воздушен знак, тие се поотворени и посоцијални личности.
Ова значи дека иако парите им се важни, повеќе ѝ даваат предност на љубовта.
Шармантни се и лесно можат да најдат соодветен партнер, но ако го најдат совршениот, би се откажале од целото богатство за него.
Скорпија – љубов
Иако Скорпиите се амбициозни и сакаат финансиска стабилност, без сомневање би ја избрале љубовта пред парите.
Она што го сакат најмногу е да ја на јадат својата сродна душа и заедно да го изградат животот за којшто сонуваат.
А, кога покрај себе ја имаат висинската личност која ги поддржува, знаат дека ќе ја постигнат секоја свој цел и дека парите никогаш нема да претставуваат проблем.
Стрелец – пари
За разлика од повеќето знаци, Стрелците не се премногу заинтересирани ни за љубов, ни за пари.
Она што им е важно се забавата и авантурата.
Иако ги ценат пријателствата и семејството, не им даваат некоја предност на романтичните врски.
Како личности кои сакаат да истражуваат и патуваат, свесни се дека парите треба да им бидат приоритет.
Од друга страна, знаат и дека ако ја најдат вистинската личност, сепак ќе требаат пари за да одат на заеднички авантури.
Јарец – пари
Како еден од најамбициозните хороскопски знаци, не изненадува што Јарците им даваат предност на парите пред љубовта.
Тие се мошне вредни личности кои целосно се фокусирани на финансиската стабилност и успех.
Ако имаат доволно пари, знаат дека ќе можат да си дозволат да уживаат во други нешта, вклучувајќи и потрага по сродната душа.
Водолија – пари
Водолиите секогаш се опкружени со пријатели, па нив романтичната љубов не им е неопходна за да бидат среќни.
Всушност, неретко тие се сосема задоволни и кога се сингл, па ако треба да избираат, неретко би ги одбрале парите пред љубовта.
Но, тие се и дарежливи, па колку и да имаат, секогаш го делат со оние што ги сакаат.
Риби – љубов
Рибите се во допир со своите емоции повеќе од кој било друг знак, па очекувано е љубовта да им е поважна.
Повеќе се фокусирани на чувствата и апстрактните идеи, отколку материјалното.
Тие се сентиментални и чувствителни, па љубовта и конекцијата со другите не може ни да се натпреварува со богатство и пари.
Спирова С. | Црнобело