Октомвриски vs. ноемвриски Скорпии – Кои се најголемите разлики?

Скорпиите родени во октомври се покомуникативни, додека оние родени во ноември имаат поизразена интуиција.

oktomvriski-vs-noemvriski-skorpii-koi-se-najgolemite-razliki-01.jpg

Секој хороскопски знак се поврзува со одредени карактеристики – Лавовите имаат голема самодоверба, Биковите се тврдоглави, Вагите се неодлучни…

Но, некои луѓе, едноставно, не се пронаоѓаат во особините што му се припишуваат на нивниот хороскопски знак.

Според астролозите, причината за ова е периодот од знакот во којшто се родени.

На пример, Скорпиите родени во октомври можат да бидат поразлични од Скорпиите родени во ноември.

Па, кои се најголемите разлики меѓу октомвриските и ноемвриските скорпии?

Главни особини што им се припишуваат на Скорпиите

Скорпиите се воден знак, како Раковите и Рибите, а според астролозите ова ги прави емотивни и интуитивни, но и промислени, па и опасни кога некој ќе им згреши.

Делуваат како мистериозни личности чии постапки никој не може да ги предвиди.

Дел од особините што ги делат скоро сите Скорпии се лојалност, упорност и одлучност, но и некои негативни, како тврдоглавост и желба за контрола.

Некогаш можат да бидат премногу амбициозни, а знаат и да замерат.

Можат да простуваат, но никогаш не забораваат.

oktomvriski-vs-noemvriski-skorpii-koi-se-najgolemite-razliki-04.JPG

Особини на Скорпиите родени во октомври

Октомвриските Скорпии можат да бидат мошне интензивни личности бидејќи се под силно влијание на Плутон и Марс.

Зрачат мистериозна енергија – една од особините што најмногу се поврзуваат со Скорпиите.

Исто така, можат да бидат многу посесивни, но и со натпреварувачки дух кој ги тера и да ги погазат другите за да го добијат она што го сакаат.

Можат да бидат мошне љубоморни и даваат сè од себе за да го зачуваат или одбранат она што сметат дека е нивно.

Секако, тие имаат и добри карактеристики.

Дружељубиви се и комуникативни, а секогаш му даваат приоритет на односот со блиските луѓе, без разлика дали партнер, пријател или член на семејството.

Лојални се и би направиле сè за луѓето што ги сакаат.

oktomvriski-vs-noemvriski-skorpii-koi-se-najgolemite-razliki-02.JPG

Особини на Скорпиите родени во ноември

Бидејќи повеќе се под влијание на Нептун и Месечината, ноемвриските Скорпии имаат изразена интуиција и ѝ се посветени на духовноста.

Лесно ги читаат туѓите мисли и емоции, па секогаш знаат како се чувствуваат луѓето околу нив.

Пооптимистични се од октомвриските Скорпии и обично имаат поотворен ум.

Но, можат да бидат мошне затворени и приватни личности.

Никогаш не ја покажуваат својата ранливост и знаат да се изолираат од другите.

Тешко им е да се зближат со нови познаници и повеќе уживаат во самотија.

И тие ја имаат мистериозната аура на октомвриските Скорпии, но кај нив е малку поизразена.

oktomvriski-vs-noemvriski-skorpii-koi-se-najgolemite-razliki-03.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
3 хороскопски знаци со срце како планина (за другите би направиле сè) Риби: Тие како да се магнет за туѓите проблеми и болка. Нивната интуитивна приро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg