Двете лица на секој хороскопски знак – Која е вашата скриена страна за која никој не знае?

Овен – Лесно паѓаат на провокации и тешко го контролираат гневот.

dvete-lica-na-sekoj-horoskopski-znak-koja-e-vashata-skriena-strana-za-koja-nikoj-ne-znae-01.jpg

Често се вели дека Близнаците се дволични, но според астролозите, секој хороскопски знак има најмалку две лица.

Едното е доминантно и речиси сите го забележуваат, а другото е скриено и тешко воочливо.

Која страна е доминантна кај секој хороскопски знак, а која е страната што не сака другите да дознаат за неа, па ја крие.

Која е вашата скриена страна, за која малкумина знаат?

Овен

Овните се духовни личности кои зрачат со позитивна енергија и ентузијазам. Полни се со мотивација и зрачат со оптимизам каде и да се појават, а дополнително нивната одлучност и истрајност им помага да се справат со сите предизвици.

Но, кога подобро ќе ги запознаете сфаќате дека тие се мошне агресивни и доминантни по природа.

Лесно може да ги испровоцирате и често имаат проблеми со контролирањето на гневот. Кога ќе научат да ги контролираат емоциите, Овните стануваат огромни заштитници и гласноговорници за сите потчинети лица во нивното опкружување.

Бик

Познато е дека на Биковите им е најважна стабилноста и даваат сè од себе за да ги одржат долгите врски и пријателства.

Напорно работат за да имаат сигурна и безбедна иднина, па заради тоа се едни од најдобрите партнери во животот.

Но, негативна особина им е тоа што понекогаш знаат да бидат тврдоглави и да не сакаат да прифатат компромис, а решени се да срушат сè што им стои на патот.

Понекогаш бараат премногу од партнерот, посесивни се, заради што тој може да се чувствува ограничено и тоа да доведе до компликации во врските.

Близнаци

Близнаците како знак означуваат подвоен дух кој е собран во една личност. Тие се екстроверти, кои сакаат да се дружат и да имаат голем број пријатели и соработници.

Ги привлекуваат авантури, па затоа често сакаат да склопуваат пријателства и да се дружат со непознати личности.

Но, малкумина знаат дека додека едниот близнак во нив е забавен и духовит, другиот инклинира кон тага и депресија. Кога доминира тој близнак, тие стануваат гневни, импулсивни и бегаат од комуникација.

Овој дел од нивната личност особено доаѓа до израз во периоди на неизвесност или кога не се сигурни што треба да прават.

Рак

Раковите се лојални, посветени личности кои се полни со емпатија. Тие се грижат за луѓето околу себе и секогаш се тука за да ги сослушаат нивните проблеми, заради што често може да бидат искористени и злоупотребени.

Кога им е скршено срцето, Раковите ќе ви покажат сосема поинаква страна од себеси.

Склони се кон анксиозност и депресија, се повлекуваат во себе си и се оддалечуваат и стануваат индиферентни кон другите.

Лав

Лавовите се родени лидери, кои имаат потреба постојано да бидат во фокусот на вниманието. Зрачат со амбиција, шарм, креативност и самодоверба.

Но, малкумина знаат дека тоа се луѓе што длабоко во себе се несигурни, на кои постојано им е потребно некој да ги пофали и кои се зависни од другите луѓе.

Токму таа постојана потреба да бидат сакани и луѓето да им се воодушевуваат може да направи Лавовите да се борат со намалена самодоверба, депресија и анксиозност.

Девица

Тоа е мошне интелигентни луѓе, кои се аналитички настроени и логични, а имаат природен талент за решавање и на најзаплетканите проблеми.

Ги изненадуваат другите со сопствената искреност и желбата да им помогнат да најдат паметно решение за сите предизвици.

Но, проблем им е тоа што понекогаш знаат премногу сериозно да ги сфатат работите, затоа што секогаш се стремат за совршенство.

Во такви мигови на другите им наметнуваат премногу високи стандарди, без да бидат свесни дека креираат тензија и делуваат наметливо.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg