Двете лица на секој хороскопски знак – Која е вашата скриена страна за која никој не знае?
Вага
Вагите се љубезни и добри личности, чија главна цел им е да си обезбедат мирен и избалансиран живот. За нив е важна хармонијата и праведноста и секогаш се обидуваат да се држат до сопствените принципи и убедувања.
Но, тоа што се трудат по секоја цена да избегнат конфликти може скапо да ги чини. Се вознемируваат и на најмалите знаци на конфронтација и го губат балансот.
Заради тоа често почнуваат да ги избегнуваат луѓето што им носат немир во животот и имаат проблем да ги одржат долготрајно врските, затоа што ниту една комуникација не може секогаш да помине непречено, нели!?
Скорпија
Познати се како интелигентни луѓе, кои знаат да уживаат во сè што прават и да го живеат животот во полн здив. Ним им е најважна независноста, а благодарение на таинствената природа секогаш го будат интересот кај другите луѓе.
Но, кога ќе се чувствуваат изневерени или предизвикани, можете да очекувате да ја запознаете нивната темна страна.
Стануваат одмаздољубиви и не забораваат, а се затвораат и ги избегнуваат дури и оние луѓе што ништо не им згрешиле.
Стрелец
Станува збор за авантуристи, кои се одлични за дружење заради забавниот карактер и добрата смисла за хумор. Кога се во друштво, секогаш знаат да се покажат во најдобро светло и да ги освојат сите со својата досетливост и шарм.
Но, малкумина знаат дека често тие се површни луѓе, кои не си дозволуваат себеси да се зближат премногу со луѓето.
Секогаш се ставаат себеси на прво место, заради што не можете да сметате на нив во моментите кога ви се потребни. Ви се чини дека знаат сè, но се вистински аматери кога се во прашање емоциите и вистинските пријателства.
Јарец
Јарците се познати по својата работна етика, интелигенција и логичните размислувања. Тие му даваат приоритет на богатството и на успехот, и секогаш се стремат кон совршенство. Тие се доверливи и одговорни личности, заради што важат за одлични лидери.
Но, нивната посветеност кон работата не им дозволува да се посветат на личниот живот и на пријателствата. Заради што може да ви делуваат здодевни или себични луѓе, кои ги занемаруваат блиските за да ги задоволат сопствените потреби.
Водолија
Тие се луѓе кои се стремат постојано да доживеат нови искуства и да склопат нови пријателства. Љубезни се и искрени, па заради тоа често се омилени во друштвото и околината.
Но, во миговите кога се чувствуваат дистанцирани и издвоени од средината, кај нив можете да ја запознаете другата страна која не е толку пријатна.
Стануваат непредвидливи и сурови во своите коментари, па понекогаш имате чувство дека никогаш не сте ги познавале.
Риби
Познато е дека се емотивни луѓе, кои имаат бујна имагинација и секогаш се опседнати со некои длабоки мисли.
Знаат да ги опсипуваат другите луѓе со љубов и разбирање, заради што важат за одлични партнери и пријатели, кои се лојални и секогаш се тука за да ве поддржат.
Но, често им се случува да не можат да ја прифатат реалноста во која живеат и бараат начин да избегаат од сите тешки ситуации.
Соочени си тешките ситуации во животот, Рибите имаат тенденција да се изолираат и да бегаат од луѓето околу себе.
Б. С. Б. | Црнобело