Од што имате фобија според хороскопскиот знак (и како да се справите со неа)?

Риби – Тие не се плашат да останат сами со своите мисли и имагинација, но смртно се уплашени дека ќе бидат повредени од луѓето што ги сакаат.

od-shto-imate-fobija-spored-horoskopskiot-znak-i-kako-da-se-spravite-so-nea-01.jpg

Некои имаат страв од неуспех, а други од непознатото. Факт е дека секој од нас има по некоја фобија во себе за која не сака ниту да зборува, а според астролозите таа може да биде предодредена и од хороскопскиот знак.

Тоа во голема мера може да ви помогне да сфатите зошто вие или некои ваши блиски личности реагираат на одреден начин и да си помогнете да ги избегнете поттикнувачите на страв кај себе или кај другите.

Во продолжение да проследиме кои се фобиите на секој од хороскопските знаци:

Овен – Фобија дека ќе бидат „губитници“

Овните најмногу од сè се плашат да го слушнат зборот „губитник“.

Самото значење на зборот ги плаши до смрт, но што значи тоа за нив?

Тие не се плашат да загубат во игра, иако напорно се трудат да бидат победници. Она што најмногу се плашат е да загубат контрола и да бидат изманипулирани.

Овните сакаат секогаш да го имаат последниот збор и да бидат господари на својот универзум, но, мора да сфатат дека не може секогаш да победуваат.

Самодовербата и моќта потекнуваат длабоко од вас, па затоа е добро да ги прифатите сопствените маани и недостатоци.

Бик – Фобија од промена

Биковите се плашат од сè што би можело да се промени во нивните животи, па самиот збор „промена“ им создава фобија.

Тие се познати дека имаат проблем со обезбедување емотивна сигурност и најчесто тоа е поттикнато од некои тешки искуства во детството.

Биковите стравуваат од напуштање и разочарување, затоа што веруваат дека тоа постојано може да им се случи. Сакаат да бидат сигурни дека нема пак да мора да се справуваат со такво нешто.

Биковите мора да сфатат дека кога-тогаш некои работи мора да се променат во животот, но има и такви работи што секогаш ќе останат исти.

Никој не може да ви го земе талентот и страста, па затоа најдобро е да си верувате себеси и на сопствените силни страни, кои ќе ви помогнат да се справите со секоја промена во животот.

Близнаци – Фобија од тоа дека ќе испаднат глупави

Тие обожаваат мозочни игри, но често стравуваат дека може да загубат или да бидат надмудрени од некој што е попаметен од нив.

Близнаците се гордеат со својата моќ да примаат и да анализираат илјадници различни информации истовремено.

Вистината е дека има мигови кога не сме во најдобра форма и мозоците на другите луѓе работат подобро од нашиот и токму тоа е најголемиот страв на Близнаците – смртно се плашат дека нивниот мозок ќе ги изневери.

Тие мора да прифатат дека секогаш постои некој што е подобар или поинтелигентен.

Тоа не значи дека вие вредите помалку, туку треба да научите како да им се восхитувате на луѓето што се подобри од вас. Впрочем од нив можете да научите многу нови работи нели?

Рак – Фобија од напуштање

Емоциите се она што ги прави Раковите посебни. Но, кога се сами, или кога некој ќе ги напушти тие најчесто се преплавени со емоции и постојано се преиспитуваат себеси.

Често се случува во вакви мигови да почнат да бегаат и да бараат друштво, затоа што стравуваат дека ќе бидат изолирани и сами.

Раковите мора да сфатат дека емоциите не им се непријател, туку најдобар сојузник.

Тие ви даваат сила да ги развиете сопствените страсти и да напредувате понатаму во животот.

Прифатете се себеси и дајте си можност да бидете сами барем по еден час дневно, прифатете ги сопствените чувства такви какви што се и ослободете се од нив.

Лав – Фобија дека ќе бидат „бескорисни“

Тие веруваат дека можат да постигнат сè што сакаат во животот, но потребно им е другите да им се восхитуваат. Оттука зборот што кај нив може да предизвика најголем страв е ако некој им каже дека се „бескорисни“.

Гордоста е најважната карактеристика на Лавот. Тие сакаат да бидат пофалени за своите дејствија и за тоа што го прават, а смртно се уплашени дека ќе ги изневерат очекувањата на другите луѓе.

Мора да сфатат дека успехот не може да трае вечно и дека треба да се сконцентрираат само на она што им е навистина важно. Она што ви се чини како голем проблем, може да биде само порака за промена. Нема потреба да се трудите да ги импресионирате сите.

Имате уникатна енергија и треба да се гордеете со тоа. Ослободете се од стравовите и гордејте се со сопствената уникатност.

Девица – Фобија дека ќе се разболат

Не, тие немаат фобија од смртта, затоа што често имаат сосема поинакви погледи за неа, како составен дел од животот. Но, ги плаши дека би можеле да се разболат и да си го гледаат телото како ги издава.

Вистината е дека овие луѓе се мошне самокритични. Не си простуваат себеси и тоа впрочем им е најголемиот проблем.

Ако се разболат, сами ќе се обвинуваат себеси затоа што не предвиделе дека тоа може да им се случи, а впрочем воопшто не се штеделе претходно.

Мора да научат да се помират дека нивното тело е кршливо и дека сите сме слаби пред староста и смртта.

Наместо да се критикувате и да се обвинувате себеси искористете го вашиот брилијантен мозок за да откриете што е она што ви годи, а што ви пречи во животот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg