Од што имате фобија според хороскопскиот знак (и како да се справите со неа)?
Вага – Фобија од дисхармонија и дисбаланс
Тие се трудат да постигнат баланс во сè и со секого во нивните животи, а најголем страв им е дека нема да постигнат да го остварат тоа.
Зошто им е потребен толку голем баланс?
Затоа што всушност тие сами се мошне неурамнотежени во себе и неопходен им е мир во околината за да можат да се справат со сопствениот немир.
Силните емоции често се товар за нивната чувствителна природа.
Премногу се строги со себе си и тоа е изворот на сите проблеми. Често се случува да заборават дека се луѓе и дека не може сè да биде совршено. Мора да научат дека не може сè да биде перфектно.
Треба да прифатите дека сите сме луѓе, и сите понекогаш имаме право на грешки.
Скорпија – Фобија од неверство
Познато е дека тие сакаат да имаат сè под контрола, дури и за работите над кои не можат. Најтешката лекција што секоја Скорпија мора да ја научи е да остави работите да си течат по сопствен тек без да вршат притисоци.
Но, она што најмногу ги плаши е дека може да бидат изневерени од луѓето на кои им веруваат и дека нема да ги забележат знаците што укажуваат на тоа.
За да си помогнат мора да научат дека луѓето не се совршени и дека секому може да му се случи да згреши.
Да, секому може да му се случи да ги изневери вашите очекувања – но не мора од тоа да се прави драма, додека не сте сигурни во целост, како и зошто се случиле одредени работи.
Стрелец – Фобија од губење на слободата
Уште кога се деца, нивните мозоци работат побрзо од мозоците на другите луѓе. Тие замислуваат други светови, креираат теории, а често истражуваат и други религии и метафизички верувања.
Сакаат да се чувствуваат слободни и тоа им дава сила да продолжат напред.
Но, понекогаш се случува да почнат да се чувствуваат заробено и ограничено во сопствените идеи и тогаш настануваат сите проблеми.
Во такви ситуации Стрелецот се однесува како дете со тантрум кое не може да почитува едноставна наредба.
Мора да прифатат дека понекогаш и тие може да згрешат и дека и нивните идеи и планови не може секогаш да се реализираат.
Треба да се препуштите на љубопитноста и жедта за знаење и таму да ја најдете својата слобода.
Јарец – Фобија од неуспех
Јарците се луѓе чијашто цел е да стигнат на врвот, па оттука најголем страв им е дека нема да успеат да си ги остварат целите.
Јарецот може да спие спокојно само кога знае дека успеал да реализира сè што замислил.
Нивните цели не мора да се сконцентрирани само на кариерата, туку и на приватниот живот. Ако се посветени на создавање семејство, тие ќе се чувствуваат ужасно затоа што не можат да го остварат сонот.
Факт е дека ќе се обидуваат сè додека не успеат во сопствените замисли, но секој неуспех остава трага врз нив, па на крај може да се чувствуваат истрошено и исцрпено.
Мора да сфатат дека не може постојано да победуваат и дека е пожелно е да бидат искрени со себе.
Нема потреба да се обвинувате себеси, затоа што падовите се дел од животот, од кои треба да научите многу.
Водолија – Фобија дека нема да можат да го покажат своето вистинско лице
Водолиите имаат смртен страв дека ќе се најдат во ситуација каде што нема да можат да кажат што мислат. Тие се гордеат со својата уникатност, но често стравуваат дека ќе се најдат во средина или со луѓе што нема да им дозволат да бидат свои.
Иако не покажуваат, Водолиите се луѓе што сакаат да ја имаат слободата да ги изразат сопствените идеи и ставови без ограничувања, а копнеат да бидат различни од сите.
Затоа се чувствуваат ужасно во средина каде што има точно одредени и строги правила на однесување.
Мора да сфатат дека слободата е во нивните глави и дека никој не може да го контролира текот на нивните мисли.
Затоа неопходно е да останете смирени и да не се оптоварувате себеси со неважни работи.
Риби – Добија дека ќе останат сами
Јасно е дека никој не сака во целост да биде сам, но за Рибите „самотијата“ има сосема поинаква дефиниција.
Тие не се плашат да останат сами со своите мисли и имагинација, но смртно се уплашени дека ќе бидат повредени од луѓето што ги сакаат.
За нив предавството од најблиските е еднакво на осаменички живот, затоа што Рибите речиси никогаш нема да простат за тоа, а цел живот ќе ја носат лутината во себе.
Тие мора да сфатат дека сите ние имаме слабости и на сите може да ни се случи да згрешиме.
Затоа кога некој ќе ви згреши треба да престанете да се обвинувате себеси и да бидете подготвени да го прифатите извинувањето.
Б. С. Б. | Црнобело