Љубовен хороскоп за октомври 2024: Јарци – Ќе почнете афера за да побегнете од партнерот
Кому октомври ќе му донесе љубовни проблеми и тензии, а кому ќе му донесе нови надежни врски и возбудливи познанства? Што ве очекува на поле љубов во октомври 2024?
Октомври носи голем број промени на љубовен план за повеќето хороскопски знаци. Некои можно е да одлучат да ја крунисаат љубовта со свршувачка и брак, а други да одлучат да стават крај на долгогодишните врски.
Прочитајте си го љубовниот хороскоп за октомври 2024:
Овен
Ако сте во врска:
На почетокот на месецот ќе имате хармоничен однос со партнерот, но во втората половина од октомври, можни се недоразбирања.
Ќе ви се чини дека партнерот (или сопругот) бара премногу од вас и дека е неопходно да се откажете од многу работи за да бидете вистински среќни.
Исто така, можно е да верувате дека партнерот не е целосно искрен со вас, па тоа да биде причина за расправии и да се чувствувате незадоволни.
Ако сте слободни:
Ако подолго време сте сингл, ќе имате чувство дека конечно ви се насмевнува среќата.
Можно е да се вљубите во некоја личност што живее во странство и тоа на некое патување или преку онлајн комуникација.
Многу е веројатно на почетокот да сакате да ја скриете новата врска и емоциите, па ќе ви треба малку повеќе време за да им се доверите на најблиските пријатели.
Бик
Ако сте во врска:
Месецот ќе го започнете со хармоничен однос со партнерот, но веќе од втората недела на месецот можни се недоразбирања. Многу е веројатно да не се согласувате со начинот на којшто партнерот го поминува слободното време и неговата идеја за забава.
Ако сте во брак, ќе бидете целосно сконцентрирани на домот и на семејството, но обидете се да не му создавате непотребен притисок на партнерот и да му дадете слобода сам да носи одлуки.
Ако сте слободни:
Ако подолго време сте сингл, бидете особено внимателни со новите познанства, но и со тоа што откривате за себе на социјалните мрежи.
Бидете внимателни и запомнете дека не мора веднаш целосно да се отворате и да ги споделувате своите најскриени тајни со личностите за коишто сè уште не сте сигурни дека навистина би имале можност за врска.
Близнаци
Ако сте во врска:
Пред вас е период во кој ќе имате сериозни разговори со партнерот и ќе се обидете да разрешите некои недоразбирања од минатото.
Но, добро би било овие разговори да ги завршите во првата половина од месецот, затоа што потоа следува понеповолен период за комуникација.
Оние што подолго време се во тајна врска или имаат афера, можно е да одлучат веќе да не ја кријат љубовта.
Ако сте слободни:
Ако сте сами, спортските настани, концертите и излегувањата се местата каде што многу веројатно може да запознаете некоја личност што веднаш ќе ве освои.
Првата половина од месецот е поволна за започнување нови врски, додека во втората половина, многу е веројатно работите да одат отежнато.
Сепак, понекогаш е добро и да почекате да се развијат вистински емоции и да не влегувате набрзина во нови врски.
Рак
Ако сте во врска:
Ќе ве водат страстите и либидото, па некои претставници на знакот коишто веќе се во врска може да се впуштат во афера или авантура.
Овој месец ќе биде пресуден на поле љубов, затоа што некои претставници може да одлучат да стават крај на долгогодишните врски, или да престанат да ги кријат чувствата кон оние во коишто биле тајно вљубени.
За оние што се во брак, втората половина од месецот ќе биде поволен период за решавање на недоразбирањата.
Ако сте слободни:
Втората половина од месецот е приодот кога најверојатно ќе запознаете некоја личност што ќе ве освои, но многу е веројатно заради таа љубов да мора да се откажете од многу работи, за да можете да имате успех на долг рок.
Некои претставници на знакот, веројатно е да започнат врска со личност што ќе ја запознаат на работното место, или со колешка/колега.
Лав
Ако сте во врска:
Октомври ќе ве стави на тест и ќе биде потребна огромна толеранција од ваша, но и од страна на партнерот за да успеете да ја одржите врската или бракот.
Ќе бидете повеќе избувливи од вообичаено, па можно е да реагирате бурно на ситници.
Ќе треба да научите да престанете да ја прифаќате секоја замерка на партнерот како злонамерна критика и како да ги замените расправиите со страст и искрени емоции.
Ако сте слободни:
Првата половина веројатно ќе биде поповолна на поле љубов, за разлика од втората кога ќе бидете преокупирани со работа и веројатно нема да имате премногу време за да се посветите на приватниот живот.
Можно е да ја прифатите понудата на некој што веќе долго време ви се додворува.
Други претставници на знакот, пак, многу е веројатно да изберат да останат сами, отколку да започнат врска со некој покрај кого се чувствуваат помалку вредни.
Девица
Ако сте во врска:
Важните разговори со партнерот или сопругот подобро е да ги завршите во првата половина од месецот, затоа што во втората половина нема да имате премногу време за тоа.
Можно е да бидете окупирани со ситуациите во домот, да имате посети од роднините и родителите.
Кај оние двојки, кај коишто комуникацијата е на лошо ниво, може да дојде и до прекинување на врската.
Ако сте слободни:
Можно е во втората половина на месецот да имате можности за нова врска, но нема да бидете премногу импресионирани од нив.
Ќе сметате дека емоциите се мошне слаби, а страста речиси и да не постои.
Ако воопшто одлучите да започнете нова врска во октомври, многу е веројатно таа да биде краткотрајна и неодржлива.