Хороскопски знаци кои повеќе си одговараат како пријатели, отколку како љубовни партнери

Бикот ја претпочита домашната удобна средина, додека Стрелецот копнее за возбуда. Како би функционирале овие два хороскопски знака во љубовна врска?

horoskopski-znaci-koi-mozhe-da-si-odgovaraat-kako-prijateli-no-ne-i-da-bidat-vo-ljubovna-vrska-01.jpg

Понекогаш, две личности едноставно не се создадени да бидат заедно, без разлика колку и да се трудат да ја направат нивната врска функционална.

Различни вредности, стилови на комуникација или животни цели, може да придонесат целата романса да стане токсична.

Секој хороскопски знак на некој начин е компатибилен со други знаци, но секогаш постои и еден хороскопски знак кој најмногу не му одговара.

Кој ѕвезден знак треба да го избегнувате, според астрологијата?

Овен и Девица

Ако сакате вистинска драма и борби, тогаш затворете ги Девицата и Овнот сами во соба, па гледајте што се случува.

Овие два хороскопски знака имаат многу заедничко: и двата се брутално искрени, склони кон анксиозност и мразат да бараат помош.

Од друга страна, Овните се импулсивни, енергични и ја гледаат големата слика, додека Девиците се внимателни и фокусирани на детали.

И едните и другите имаат брзи и остри јазици, па ќе се расправаат сè додека не се разделат.

Бик и Стрелец

Бикот сака да остане дома и да се чувствува удобно, додека Стрелецот секогаш е во движење и копнее за возбуда.

Бикот е практичен и приземјен, Стрелецот знае да сонува и понекогаш е нереален.

Бикот сака да поминуваат заедничко време на каучот, додека Стрелецот би сакал диви авантури и патувања.

Иако и двајцата може многу да научат од нивната врска, овие два хороскопски знака се премногу различни за да може да опстанат.

Имаат различни љубовни јазици и најчесто не се доволно компатибилни за да имаат стабилна врска.

Близнаци и Скорпија

Скорпиите и Близнаците се едни од најинтензивните хороскопски знаци, па кога се во врска, односите може да им станат токсични.

Скорпиите се мрачни и мистериозни и не им е гајле што мислат другите за нив, туку само сакаат безусловна љубов.

Близнаците, пак, се личности кои обожаваат да привлекуваат внимание и нови обожаватели, каде и да одат.

Скорпиите се чувствителни и емотивни, додека Близнаците се практични.

Скорпиите сакаат партнер кој може да ги согледа и исполни нивните потреби, додека Близнаците претпочитаат директна вербална комуникација.

Нивните различни стилови за комуницирање предизвикуваат проблеми и подобро им е со други хороскопски знаци.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
Кои хороскопски знаци се малери, а кои имаат најмногу среќа во животот? Стрелците некогаш одат со главата низ ѕид само за да тестираат колкава среќа има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg