Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање
Јули – верувате дека не ја заслужувате љубовта што ја сакате
Не верувате дека сте достојни за љубовта што ја сакате.
Мислите дека е подобро само да пронајдете некоја личност, отколку да немате никој до себе, па на крај се состанувате со луѓе кои или не се соодветни за вас или не се однесуваат доволно добро кон вас.
Запамтете дека и покрај некоја друга личност, повторно може да се чувствувате осамени. Бидете трпеливи.
Август – очекувате „пеперутките“ во стомакот да траат вечно
Не можете постојано да имате „пеперутки“ во стомакот и да очекувате тоа да ви ја одржува врската.
Во реалноста, за тоа ви треба напорна работа. Треба да научите да правите компромиси.
Треба да научите да си бидете поддршка еден со друг, дури и кога нема сите работи да ви бидат „под конец“.
Треба да си дадете простор за несовршеност, затоа што на крајот, ќе видите дека тука се кријат добрите работи.
Септември – премногу сте критички настроени
Да се има стандарди е едно, но да се држите до нереални очекувања е друго. Вие или сакате совршенство, или не сакате никого. А ова е сигурен начин да завршите сами.
Ако не сакате за секогаш да бидете сингл, треба да разберете дека сите понекогаш знаат да бидат досадни, вклучително и вие. Разберете дека никој никогаш нема да биде совршен партнер, туку ќе биде реален, и доволно е да го дозволите тоа.
Октомври – никогаш не си дозволувате да бидете сингл
Ви успева со флертувањето и романтиката, но никогаш не одвојувате доволно време од една до друга врска и не останувате вистински сингл за да ја прифатите вашата независност и осаменост.
Кога ќе заврши една врска, дозволете си да откриете што е она што вистински ви треба.
Заслужувате да бидете сакани поради она што сте, па поминете време со себе и дознајте кои сте, а потоа продолжете понатаму.
Ноември – мислите дека другите може да ги читаат вашите мисли
Секогаш кога нешто не е во ред во врската или за нешто се чувствувате повредени, наместо да имате отворен и длабок разговор, вие се повлекувате и молчите.
Мислите дека другите може да ви ги читаат мислите и да разберат дека нивното лошо однесување е неприфатливо.
Сепак, ова може да ве уништи. Важно е да научите како да водите длабоки и отворени разговори, со цел вашиот љубовен живот да биде поздрав.
Декември – секогаш барате нешто погрешно
Вие секогаш барате знак дека можеби врската нема да успее, дека нешто не е во ред или дека не сте компатибилни со другата личност.
Она што секогаш барате нешто погрешно, е тоа што секогаш ќе го најдете.
Вистината е дека секогаш ќе има нешто несовршено во некој друг, но ако се фокусирате на доброто, ќе имате можност за повеќе среќа и напредок.
М. Ѓ. | Црнобело