Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање

Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе. Запаметете дека имате многу добри особини кои вистинската личност ќе умее да ги согледа. Кои грешки во љубовта ги прават личностите родени во останатите месеци?

najgolemata-greshka-shto-ja-pravite-vo-ljubovta-bazirano-na-vashiot-mesec-na-ragjanje-01.jpg

Секој греши, но важно е да ја сфатиме лекцијата од тие грешки и во иднина да бидеме подобри.

И во љубовта грешиме, а понекогаш не можеме да го согледаме коренот на нашите проблеми и се прашуваме зошто врските не ни успеваат, повторно и повторно…

За подобро да го разберете својот карактер и грешките кои ги правите во љубовните врски, може да ви помогне и месецот на раѓање.

Во зависност од тоа во кој месец сте родени, ја издвојуваме најголемата грешка која ја правите и поради која не ви успеваат романтичните врски.

Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање:

Јануари – воопшто не одвојувате време за љубов

Вие сте личност која е постојано во движење. Вашиот календар е преполн со рокови, состаноци, креативни работи, вечера со родителите… всушност, одвојувате време за многу работи, но не и за романтика.

Никогаш не наоѓате време за љубовни врски, бидејќи се плашите да не се повредите.

Но, треба да знаете дека со тоа што го држите срцето затворено, си правите повеќе штета.

Да, би можеле да бидете повредени, но зар не би сакале да се обидете - што ако успеете?

Февруари – прифаќате помалку отколку што заслужувате

Вие сте личност која го поднесува лошото однесување и прифаќате помалку отколку што заслужувате во една врска.

Сметате дека некои основни гестови, како што е сеќавањето на вашиот роденден или нудењето поддршка кога ви е потребно, се големи дела и дека треба да ги цените премногу.

Ако сакате да бидете во врска во која ќе напредувате, треба да ги подигнете своите стандарди. Треба да кажете што сакате и да бидете подготвени да заминете ако не ги добиете тие барања.

Треба да знаете дека вредите за вистинска љубов, престанете да се задоволувате со помалку отколку што заслужувате.

Март – не се цените доволно себеси

Не сакате да им се приближите на личностите за кои сте заинтересирани, затоа што верувате дека тие нема да се чувствуваат исто за вас.

Но, запаметете дека имате да понудите многу убави особини кои некоја личност ќе знае да ги негува, треба само да верувате во тоа.

Обидете се да бидете пољубезни кон себе.

Април – премногу ги забрзувате работите

Вие сте склони брзо да се впуштите во врска, без притоа да размислите дали таа личност навистина ви одговара и дали би можеле да се замислите заедно во иднина.

Секако дека чувствата се важни, но треба малку да размислите и за реалноста и да го забавите темпото.

Дајте ѝ на љубовта повеќе време за да расте, или во спротивно, ќе изгори толку брзо како што започнала.

Мај – не сте искрени за она што го сакате

Вие се плашите да не барате премногу, па секогаш се преправате дека она што го имате ви е доволно, кога реално не е.

Ако навистина сакате да најдете личност која ви одговара, најпрво треба да бидете подготвени да бидете искрени за она што го сакате.

Во спротивно, никогаш нема да ја најдете и ќе останете разочарани. Зборувајте отворено и пронајдете ја љубовта која ви одговара.

Јуни – го гледате потенцијалот на личноста, но не и каква е во реалноста

На пример, вие знаете дека личноста која ви се допаѓа би можела да се труди повеќе на работното место и да напредува.

Така, вие чекате да се претвори во онаа улога којашто сте ја замислиле во вашиот ум. Но, вистината е дека и покрај потенцијалот, личноста може никогаш да не го искористи тоа и да се претвори во она што сте очекувале.

Потребно е да ја погледнете пореалната слика и да го најдете партнерот кој ви одговара во сегашноста, а не да замислувате нешто што би можело да биде.

Продолжува на следната страница ... 



Би можело да ве интересира:

Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg