4 хороскопски знаци кои самите се саботираат (и како да престанат)
Лавови, вие сте горди и имате огромна самодоверба, но поради ова ви е тешко да прифатите критика која ќе ви помогне да се подобрите и да постигнете некоја цел.
Некогаш неуспехот е неизбежен.
Без разлика што се трудиме и го даваме најдоброто од себе, едноставно, нема да успееме.
Но, некои луѓе како самите да си ја уништуваат секоја шанса за успех и среќа со нивното однесување.
Кoи хороскопски знаци спаѓаат овде?
Овен
Настојувате да бидете импулсивни и тврдоглави, па неретко делувате без да размислите многу.
Сакате веднаш да видите резултат и кога ќе наумите нешто, сакате веднаш да биде остварено.
Нo, оваа желба за контрола некогаш ви го забавува прогресот и води до конфликти кои на крај прават да се чувствувате фрустрирано, под стрес и анксиозно.
Како да си помогнете?
- Бидете трпеливи и размислете за последиците пред да направите нешто.
- Станете посвесни за вашите постапки за да забележите кога делувате импулсивно.
- Активно слушајте ја туѓата перспектива за да избегнете конфликти.
Лав
Вие сте горда личност со огромна самодоверба, но некогаш овие карактеристики се манифестираат како тврдоглавост.
Честопати ви е тешко да прифатите критика или да земете предвид нечие мислење, па убедени сте дека самите треба да правите сè.
Но, ова го ограничува вашиот развој и има лошо влијание врз односот што го имате со другите.
Како да си помогнете?
- Бидете скромни – не сфаќајте сè лично и бидете отворени кон критика.
- Вклучете се во активности каде што треба да работите во тим.
- Покажете благодарност и славете ги и туѓите достигнувања, не само вашите.
Скорпија
Кај вас, најголем проблем е желбата за контрола.
Сакате да бидете главни и постојано да знаете што се случува. Проблемот е што неретко се сомневате во способноста на другите и им се лутите.
Со ова сами си поставувате пречки и во вашиот развој, и во градењето на добриот однос со другите.
Како да си помогнете?
- Поработете на довербата во другите и дајте им простор да ги споделат нивните идеи.
- Научете да простувате – не само на другите, туку и себеси.
- Бидете поотворени и немојте постојано да ги криете вашите мисли и чувства.
Јарец
Вие сте амбициозни и посветени, но проблемот е вашиот перфекционизам, но и огромната самокритичност.
Страв ви е од неуспех и од тоа дека можеби нема да ги исполните високите стандарди што си ги поставувате самите.
Но, превисоките очекувања некогаш ве парализираат и ви стојат на патот до успехот.
Како да си помогнете?
- Покажете емпатија, но кон себе, и сфатете дека совршенството е нереално.
- Поставете си реалистични и мали цели кои брзо и полесно ќе ги остварите.
- Воспоставете рамнотежа во животот и наоѓајте време за одмор и релаксација, немојте само да работите.
Спирова С. | Црнобело