Хороскопските знаци рангирани според педантноста - Кој чисти секој ден?
Лавови, вие сте премногу зафатени гледајќи се себеси во огледалото, па немате кога да го видите нередот што ви владее во домот.
Со многуте обврски во текот на денот, на повеќето од нас им се случило малку да го запостават домот – да оставиме валкани садови во мијалникот, да го одложиме чистењето на подовите…
Сепак, некои луѓе не дозволуваат во нивниот дом да има ниту една прашинка, додека од друга страна има и луѓе кои живеат само во хаос.
Како се рангирани хороскопските знаци според нивната уредност, почнувајќи од најпедантните:
Девица
Вие сте толку опседнати со чистота, што изгледа како да имате гермофобија (патолошки страв од бактерии и слично).
Секојдневно го чистите домот, некогаш и по двапати.
Споредено со вас, сите останати знаци изгледаат како најнеуредните личности (дури и ако не се такви).
Овен
Хаосот ви создава главоболка и вие сметате дека луѓето кои не чистат постојано, сигурно имаат некој здравствен проблем.
Во вашиот дом нема ниту една прашинка, а доста често ја перете облеката двапати бидејќи не ѝ верувате на машината за перење.
Рак
Најдобрите пријатели ви се средствата за чистење, а не го напуштате домот бев влажни марамчиња и дезодоранс.
Не можете да издржите повеќе од 24 часа без да се истуширате и сте опседнати со личната хигиена.
Ако, пак, си дозволите во домот да настане хаос, се чувствувате виновно.
Скорпија
Можеби не сте опседнати со чистотата на домот, но вашата лична хигиена е беспрекорна.
Постојано ги миете рацете, дури и кога не сте допреле ништо, а имате навика да миете заби и по неколкупати на ден.
А, најмногу го мразите летото бидејќи постојано се чувствувате валкано.
Јарец
Вие сметате дека педантноста е важна за впечатокот што го оставате кај другите.
Па, додека на прв поглед вашиот дом изгледа беспрекорно чист, најверојатно имате прашина зад комодата и под каучот.
Исто така, имате навика да си легнувате со шминка, дури и ако знаете дека тоа ѝ штети на вашата кожа.
Бик
Вие сакате ред и хаосот во домот може да ви пречи. Но, ова важи само за расфрлана облека, кревет кој не е наместен и слично.
Од друга страна, не ви е многу важно дали дома имате прашина или прозорците не се измиени пола година.