Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува

ljuboven-horoskop-za-juni-2024-jarci-kje-begate-od-partnerot-vodolii-minatoto-ve-progonuva-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ако сте во брак ќе имате чувство дека партнерот од вас бара да направите нешто невозможно, па ќе ви биде потребно огромно трпение за да го завршите она што се бара од вас.

Избегнувајте непотребни конфликти и расправии, затоа што може да кажете работи што не ги мислите.

Ако сте слободни:

Немате реална претстава за тоа што го сакате на љубовен план и тоа ќе се одрази врз вашата комуникација со другите луѓе.

Ако подолго време сте имале некоја врска без обврски може да одлучите да ставите крај кон средината на месецот.

Можно е да запознаете некоја личност која на почеток ќе ве привлекува, но потоа да сфатите дека е подобро само да останете пријатели.

На крајот можно е да сфатите дека ви е многу подобро да сте сингл и да не менувате ништо на љубовен план.

Скорпија

Ако сте во врска:

Кај Скоприите во брак или во врска нема да има некои поголеми проблеми, но можно е повеќе да се посветат на потребите на партнерот или на неговото семејство.

Слободното време ќе го посветите на уредување на заедничкиот животен простор со партнерот, а можно е да одлучите и да заминете на некое кратко патување.

Искористете ја секоја можност за излегување и за забава што ќе ви се пружи и дајте си можност да уживате во дружбите со пријателите и блиските.

Ако сте сами:

Можно е да одлучите да влезете во нова врска која ќе ви ги подобри статусот и иднината, а и ќе чувствувате дека конечно сте ја нашле личноста со која можете да го споделите сето она што сте го научиле од минатото.

Некои претставници на знакот може да започнат врска на далечина со некоја личност што ќе ја запознаат онлајн.

Ќе имате чувство дека иако не ја познавате добро личноста, сепак можете да ѝ верувате.

Стрелец

Ако сте во врска:

Јуни ви носи убави емоции, излегувања и дружби. Ако сте во брак, со партнерот целосно ќе бидете сконцентрирани на подобрување на финансиската состојба.

Стрелците во врска нема да имаат некои големи промени на љубовен план, а можат да очекуваат и пријатни изненадувања од партнерот.

Ако сте сами:

Ако сте сингл може да очекувате некое пријателство да премине во љубовна врска. Исто така можно е и да почнете да се гледате со некоја личност од странство, што ќе ја запознаете преку заеднички пријатели.

Оние Стрелци што сè уште не собрале храброст да ги искажат сопствените чувства на личноста што им се допаѓа, очајно ќе се обидат да не покажат колку ги излудува тоа што сметаат дека нивната симпатија постојано ги избегнува и им тера инает.

Јарец

Ако сте во врска:

Ќе се трудите да не ги покажете сопствените емоции и фрустрации пред партнерот. Можно е да почнете да ги избегнувате средбите, особено ако имате чувство дека личноста со којашто сте во врска постојано ве критикува.

Втората половина на месецот ќе ви донесе поголем број заеднички хармонични мигови со партнерот и подобрување на односите.

Ако сте сами:

Долго време се трудите да заборавите некои работи и да продолжите со својот живот, но овој јуни ќе ви донесе голем пресврт.

Ако подолго време не можете да го преболите поранешниот партнер, можно е овој месец нешто да ве наврати на емоциите од минатото и да одлучите да ѝ дадете втора шанса на љубовта.

Исто така, можно е некоја авантура да прерасне во сериозна врска, но само ако сте одлучни да го вложите трудот што е неопходен за тоа.

Водолија

Ако сте во врска:

Оние што се во долга врска во јуни можно е да почнат да размислуваат за следниот чекор во врската или за брак.

Оние во брак треба да бидат особено внимателни затоа што можно е да западнат во искушение и да започнат афера со некоја поранешна љубов што сè уште ја немаат преболено.

Ако сте сами:

Некоја случајна средба со личноста што ви се допаѓала, а не сте имале можност да ја гледате често, ќе ве извади од колосек. Можно е набрзина да одлучите да влезете во врска.

Сепак, кон крајот на месецот, оваа врска ќе биде ставена на тест, па ако чувствувате дека се задушувате и дека ви е потребен поголем простор, можно е да одлучите набрзина да ставите крај.

Риби

Ако сте во врска:

Јуни ви носи променливо расположение и расправии со партнерот. Обидете се да не се нервирате премногу ако не можете да воспоставите добра комуникација, особено ако тој често патува заради работата, или пак живее во странство.

Можни се изливи на љубомора од негова страна, па да се најдете во ситуација да мора да се правдате заради комуникацијата со другар(к)ите или, пак, со колегите/колешките.

Ако сте сами:

Јуни не ви носи големи промени на љубовен план. Нема да бидете расположени за нови сериозни врски и ќе сакате да уживате во слободата и да го живеете животот во полн здив.

Можни се повеќе авантури, а ако започнете некоја врска, таа најверојатно ќе биде неофицијална и без обврски.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg