Љубовен хороскоп за март 2025: Бикови - ќе запознаете личност која е совршена за вас, но е зафатена
Близнаци: Личноста со која моментално го делите животот е многу вљубена во вас и обожава да ве разгалува. Девици: Многу сте суетни, па вашата сакана личност полека го губи трпението со вас.
Кој ќе биде дел од љубовна афера, а кој ќе мора да внимава какви ѝ се намерите на новата личност во животот?
Кој ќе има пролет за паметење, а кој ќе има мигови исполнети со љубовно страдање?
Прочитајте си го љубовниот хороскоп за март 2025:
Овен
Ако сте во врска
Ви претстои убав период и денови полни со разбирање и љубовни мигови со партнерот.
Убаво би било на саканата личност да ѝ приредите некои љубовни изненадувања, особено кон крајот на месецот.
Можни се одредени искушенија, но ќе мора да вежбате самоконтрола, ако не сакате да си ја доведете врската или бракот под знак прашалник.
Ако сте слободни
Овните, особено помладите, ќе сакаат да флертуваат и да ги провоцираат постарите припадници на спротивниот пол.
Во втората половина од месецот ќе бидете подготвени на разни жртви само во име на тоа да ја освоите личноста што ви се допаѓа и да бидете во врска.
Месец март е добро време да се позанимавате со себеси и да научите од своите грешки.
Бик
Ако сте во врска
Ова ќе ви биде бурен месец со огромен број на комплицирани ситуации, кои нема да можете лесно да ги решите. Важните одлуки ќе мора да ги носите во согласност со волјата на саканата личност.
Сепак, мора да се одлучите дали ќе го правите тоа што го сакате или тоа што е добро за вашата врска.
Дури кон крајот на месецот ќе ви се врати разбирањето во односот, а проблемите ќе исчезнат.
Ако сте слободни
Ќе запознаете личност која е совршена за вас, но, за жал, е зафатена.
Советот до вас е да не се нервирате и да не паѓате во депресија. Пред вас доаѓаат подобри денови, само окупирајте си го умот со нешто друго.
Ако не се мешате во туѓите односи, можеби среќата сама ќе си дојде на вашата врска во вистинското време.
Близнаци
Ако сте во врска
Љубовта ви оди од рака, пред сè поради големото вложување од страна на партнерот за врската да ви успее.
Личноста со која моментално го делите животот е многу вљубена во вас и обожава да ве разгалува.
Но, ненадејно ќе почнете да се прашувате дали тоа е она кое го сакате и ќе почнете да мечтаете за некоја трета личност. Добро промислете ги наредните чекори, навистина имате што да изгубите.
Ако сте слободни
Ќе запознаете некоја личност, но можно е да имате комплициран однос со неа.
Наместо на врска, периодов фокусирајте се на излегувања, состаноци и планови за патувања.
Бидете трпеливи уште малку и ќе дојдат подобри времиња. Животот ќе ви донесе неколку лојални личности, дури и ќе можете да бирате.
Рак
Ако сте во врска
Ќе имате многу предизвици во љубовната врска, првенствено поради тоа што некои ваши изјави може да бидат погрешно протолкувани.
Исто така, некои работи кои требало да останат тајна можно е да завршат на погрешно место и да настане скандал.
Размислете дали на врската гледате површно и сакате само по секоја цена да бидете со некого. Во ред е што сте романтична душа, но добро е да го вклучите и разумот.
Ако сте слободни
Слободата ја доживувате како пораз, тонете во депресија и се затворате во својот дом.
Работите навистина не се така трагични, но ако продолжите така и пријателите ќе почнат да ве избегнуваат.
Излезете, насмевнете му се на животот и побрзо од што мислите тој ќе ви ја донесе вистинската личност.
Лав
Ако сте во врска
Имате желба за доминација и периодов ќе се чувствувате супериорно во врската. Но, од друга страна ќе копнеете за врска со некој рамноправен на себе.
Тоа ќе биде комплициран однос, но можеби е во ред да се осмелите да го доживеете.
Моментално свесни сте дека сте во врска со квалитетна личност, но чувствувате како да ви недостига нешто. Потребен ви е предизвик.
Ако сте слободни
По напорен период со несогласувања и конфликти, се чувствувате толку уморно што само копнеете да имате прегратка во која ќе можете мирно да заспиете.
Изморени сте од самотијата, но и од излегувањата во град, сега ви е совршено време за нова врска.
Можно е да се вљубите во некоја личност од околината, која досега не ја забележувавте.
Девица
Ако сте во врска
Многу сте суетни, па вашата сакана личност полека го губи трпението со вас.
Вашето незадоволство всушност лежи длабоко во вас, затоа што сте потајно вљубени во многу блиска личност, со која постојано сте во конфликт, но едноставно не ви дава мир и мислите на неа.
Станува збор за личност која е драстично помлада или драстично постара од вас. Наскоро ќе имате средба со неа и ќе мора да донесете конечна одлука.
Ако сте слободни
Не ја мешајте работата и љубовните авантури, ако не сакате сериозни последици. Mислете на својата репутација.
Ако сепак се впуштите во врска и сфатите дека таа сепак не е за вас, брзо ставете им крај на работите.
Малку повеќе ќе ги користите социјалните мрежи за запознавање на нови луѓе и зајакнување на самодовербата. Само правете го тоа мудро.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





