Љубовен хороскоп за март 2025: Бикови - ќе запознаете личност која е совршена за вас, но е зафатена

ljuboven-horoskop-za-mart-2025-bikovi-kje-zapoznaete-lichnost-koja-e-sovrshena-za-vas-no-e-zafatena-02.jpg

Вага

Ако сте во врска

Ако сте во долга и хармонична врска, овој период ќе го поминете без поголеми промени.

Можни се проблеми само кај оние припадници на знакот кои се склони кон авантури.

Периодов е поволен за стапување во брак и градење на семејство. Опуштете се и дозволете му на партнерот некогаш да ви даде искрен совет.

Ако сте слободни

Наскоро ќе запознаете личност која ќе ве заинтересира, но не само на прв поглед, туку со неа ќе размислувате за сериозна врска.

Ако сакате ова да ви се случи, тргнете се од телефонот и компјутерот и излезете надвор.

Средбата со оваа личност ќе ви се случи во некое кафуле, на улица или на планина. Минувајте повеќе време во авантури со пријателите и личноста сама ќе дојде на вашиот пат.

Скорпија

Ако сте во врска

Ако сте долго во врска, периодов партнерот ќе ви пружи многу повеќе внимание и нежност.

Се разбира, и вие треба да му вратите во иста мерка. Сега е вистинско време да исполните барем дел од неговите желби и фантазии.

Исто така, работете на тоа да ја вратите довербата во врската. Некој флерт од минатото може скапо да ве чини.

Ако сте слободни

Можно е да ви се појават емоции кон личност која ја познавате одамна, со која работите или можеби заедно сте учеле.

Ќе дојдете во искушение да го ризикувате пријателството или познанството, незнаејќи дали таа личност чувствува нешто кон вас.

Најдобро е да го послушате срцето, но ако бидете одбиени – не сфаќајте го тоа како катастрофа, само насмевнете се и продолжете понатаму.

Стрелец

Ако сте во врска

Бурниот почеток на месецот ќе ви ги искомплицира односите со партнерот. Тоа може да го направи и некоја трета личност, која ќе сака да ви „влезе“ во врската.

Тешките зборови кои ќе ги изговорите пред партнерот, за неговото семејство или пријатели, може да имаат долгорочни последици.

Ако сакате да ви опстане врската, обидете се да ја смирите ситуацијата и бидете многу, многу трпеливи.

Ако сте слободни

Ве очекува многу убав период исполнет со убави љубовни случувања.

Ќе стапите во контакт со личност, која неодамна излегла од долга врска и таа личност ќе ви помогне и ќе ви биде потпора во животот.

Кон крајот на месецот со некоја Девица или Скорпија ќе доживеете неверојатна авантура.

Јарец

Ако сте во врска

Ова е добро време за отворен разговор со партнерот каде погрешивте и во кој миг работите ви тргнаа во погрешна насока.

Од вас зависи кое сценарио ќе се реализира, дали крај на врската или нови и подобри мигови.

Потрудете се со партнерот да отпатувате некаде, за да си ја вратите некогашната љубовна магија.

Ако сте слободни

Голема е веројатноста да запознаете некоја личност, со која брзо ќе започнете љубовна врска.

Мора малку да се потрудите од неа, но таа го заслужува тоа затоа што можно е да станува збор за вашата сродна душа.

Непотребно не влегувајте во флерт со некој поранешен партнер. Оставете го тој однос во минатото, за да не се изгорите одново.

Водолија

Ако сте во врска

Почетокот на месецот нема да ви ветува бурни случувања на љубовен план, но токму така ќе биде.

Поради вашата тврдоглавост ќе имате многу конфликти во врската и ако не се одлучите да ја смирите топката, може да дојде до многу непријатни ситуации, па дури и крај на врската.

Ако го пребродите овој период, ви доаѓаат многу убави заеднички мигови.

Ако сте слободни

Ќе ве мачи чувство на осаменост и ќе чекате прва пригода за да запознаете некој и да влезете во врска.

Уживајте во пријателските односи и не избрзувајте со одлуките.

Отворете добро очи пред кого си ја соголувате душата, затоа што тоа на долгорочен план може да има кобни последици за вас. И сами ви е добро.

Риби

Ако сте во врска

Ќе бидете уште повљубени од порано и ќе уживате во врската.

Ќе направите само мали промени, но тие ќе изгледаат големи во очите на партнерот. Со ситници ќе си го разубавите животот.

Ќе ги споделувате фантазиите со саканата личност и ќе градите значајни планови на долг рок.

Ако сте слободни

Овој период нема да имате среќа во пронаоѓањето на сродната душа, па затоа времето и енергијата посветете ги на семејството.

Тие се оние кои ќе ви дадат поддршка и со кои ќе се забавувате.

Сепак, кон крајот на месецот можно е патиштата да ви се вкрстат со некоја забавна личност и да започнете сериозна врска. 

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2025-та: Овен За родените во знакот на Овен, 2025-та ќе биде возбудлива година полна со промен...
Годишен хороскоп за 2025-та: Стрелец 2025-та ќе биде година на истражување и раст за Стрелците, кои водени од природн...
Годишен хороскоп за 2025-та: Јарец Вашиот љубовен живот ќе добие нова смисла во 2025-та, а повеќето Јарци ќе бидат ...
Годишен хороскоп за 2025-та: Вага Љубовта ќе им биде во фокусот на животот во 2025-та на Вагите. Нивниот шарм и ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg