Како да се справите со стресот од работа за да не „прегорите“, според хороскопскиот знак?

Близнаци лесно се справувате со неколку проблеми одеднаш, но ова ви предизвикува дополнителен стрес. Пробајте подобро да си го организирате времето.

kako-da-se-spravite-so-stresot-od-rabota-za-da-ne-pregorite-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Колку и да си го сакате работното место, факт е дека одвреме-навреме ви создава стрес.

Без разлика дали поради проблем, некоја посериозна обврска или, пак, само колега кој ве нервира, стресот е неизбежен на работа.

Како да се справите со него, според хороскопскиот знак?

Овен

Вие сакате предизвици и можете да работите со часови без ни најкратка пауза, но стресот може да „ве прегори“ дури и вам.

За да се справите со ова, добро би било да вметнете повеќе физичка активност во текот на денот.

Без разлика дали ќе биде интензивен тренинг во теретана или само подолга прошетка, ова ќе ви помогне да ги средите мислите и да се релаксирате.

Истовремено, поставувајте си јасни цели, одредувајте крајни рокови и ќе бидете многу попродуктивни, а ова ќе ви го намали стресот.

Бик

Вие ги цените стабилноста и комфорот, а ова ве прави склони кон стрес кога сте соочени со промена или несигурност на работа.

За да го избегнете стресот, пробајте да си ја направите работната околина што е можно попријатна.

На бирото ставете фотографија од некоја сакана личност, купете си некој убав украс, како мирислива свеќа, и опкружете се со ситници кои ве релаксираат.

Исто така, не ги прескокнувајте паузите на работа и кога можете, искористете ги во природа.

Важно е да воспоставите рутина, а после работа да водите подобра грижа за себе и да се разгалувате со топла купка, масажа или што било што ве опушта.

Близнаци

Вие сте мошне приспособлива личност и можете да се справите со неколку предизвици и проблеми одеднаш.

Но, ова ви одзема многу енергија, а и ве изложува на многу стрес.

Лесно ќе го избегнете непотребниот стрес ако научите подобро да комуницирате и ако подобро си го организирате времето.

Пробајте да ги запишувате обврските и идеите за да го исчистите умот.

Надвор од работното место, најдете време за активности што ќе ви го стимулираат мозокот бидејќи ова ве опушта.

Рак

Како чувствителна и личност со изразена емпатија, вие лесно го впивате стресот на сите на работното место.

За да се заштитите од ова, мора да поставите граници во односот со колегите. Исто така, треба да направите рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Откако ќе ви заврши работното време, пробајте максимално да се дистанцирате од работата и задолжително одвојте време за активност што ја сакате вие.

Хобијата како цртање или пишување можат да ви помогнат да си ги средите мислите и да се ослободите од стресот.

Лав

Вам ви е потребно туѓото признание и сакате да слушате комплименти кога ќе сработите нешто добро.

Ова значи дека чувствувате интензивен стрес кога нема да бидете пофалени.

Важно е да не зависите премногу од туѓите комплименти и кога ќе завршите добра работа, пофалете се самите.

Притоа, покажете си благодарност и ценете го она што ќе го сработите, без потреба од туѓо признание.

Девица

Вие сте перфекционист и станува јасно дека најмногу стрес ви предизвикува хаосот на работа.

Не можете да поднесете кога колегите не се организирани и кога нешто не е совршено, како што сте го замислиле вие.

Ќе се справите со стресот само ако престанете да тежнеете кон совршенство. Наместо тоа, фокусирајте се на вашата ефикасност и дозволете си да правите повремени грешки.

Намалете ги очекувањата што ги имате за себе и веднаш ќе го намалите и стресот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Една работа со која секој хороскопски знак ги нервира луѓето околу себе Рибите се најчувствителни од сите хороскопски знаци. Па, ако кажете нешто што не...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Хороскопски знаци на кои им треба време и многу лоши искуства за да сфатат каков партнер им треба Риби - Сакате да ја почувствувате искрата на љубовта, па иако ве боли да ги отфр...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg