Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)?
Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негативни емоции. Наместо да го процесираат гневот, тие целосно се повлекуваат во себе и се исклучуваат.
Гневот е силна негативна емоција што секој од нас ја манифестира на различен начин, а според астролозите, реакцијата може да се предвиди врз основа на хороскопскиот знак и неговите карактерни особини.
Што е она што може да го натера секој хороскопски знак да избувне, како реагира кога е гневен и што му е потребно за да научи полесно да го контролира гневот?
Прочитајте во деталниот хороскоп во продолжение:
Овен
Важат за мошне чувствителни и темпераментни луѓе кои лесно се вознемируваат.
Нивното расположение брзо се менува и ако забележат дека некој не им ја дава почитта што ја заслужуваат или ги потценува, тие веднаш избувнуваат.
Добрата страна им е тоа што се свесни за своите слабости и секогаш се трудат да го контролираат гневот, но кога не сакаат да го држат чувството во себе, почнуваат да викаат и стануваат физички агресивни додека да „се истурат“.
Исто така, тие не се луѓе што долго време ќе го чуваат гневот со себе.
Кога се гневни, за Овните е најдобро да се ослободат од емоциите со помош на физички вежби и препотување.
Бик
Биковите важат за едни од емотивно најстабилните луѓе во Зодијакот.
Стануваат гневни кога ќе се соочат со финансиски проблеми или несакани трошоци, па тогаш почнуваат да се однесуваат необично и да покажуваат знаци на гнев.
Во вакви ситуации, Биковите, кои се познати по својата тврдоглавост, почнуваат да се расправаат, не бираат зборови со кои може да ве навредат и тешко е да се справите со нив.
За нив најважно е да научат како да прифатат пораз и да не им замеруваат на луѓето затоа што не успеале да ги исполнат нивните високи критериуми.
Важно е да научат да бидат благодарни за тоа што го имаат во моментот и да им простат на другите за грешките.
Близнаци
Важат за луѓе со извонредни комуникациски вештини, кои одлично можат да ги искажат сопствените чувства, освен кога се гневни некому.
Кога Близнаците се гневни, тие не знаат како да ја објаснат причината заради која се налутиле, па почнуваат да се повлекуваат во себе и одбиваат да зборуваат за тоа.
Кога се лути ќе забележите дека се затвораат и избегнуваат комуникација.
Заради ова со нив е тешко да ги решите недоразбирањата и да се помирите. Тие нема да го истурат гневот, но заради тоа што се повлекуваат во себе, лесно го нарушуваат односот со блиските.
Најдобар начин за да се справат со негативните чувства е да се обидат да разговараат со блиските и да ги натераат да ја сослушаат нивната страна на приказната.
Многу е важно да научат отворено да разговараат за проблемите и да се потрудат да најдат решение, без разлика дали се на личен или професионален план.
Рак
Да, Раковите се грижливи и емотивни, но ако ги повредите бидете подготвени да се соочите со нивниот гнев. Знаат брзо да го менуваат расположението и да бидат тешки за околината.
Иако Раковите не се премногу агресивни како личности, тешко ќе ви падне да ја поднесете нивната тага и болка. Ако ги изневерите нема да престанат да ви приговараат за тоа, и ќе ве излудат со сопствените поплаки и набедувања.
Но, тоа е знак дека сè уште им значите. Во оној миг кога Раковите ќе кренат раце од вас, можете да очекувате целосно да се повлечат од вашите животи и воопшто да не слушнете ниту глас од нив.
За Раковите е многу важно да научат да се сакаат прво себеси и да не обрнуваат премногу внимание на другите.
На тој начин ќе бидат сконцентрирани прво на сопствените емоции и на наоѓањето решенија за ситуацијата во која се нашле, без да се потпираат премногу на другите.
Лав
Лавовите дефинитивно знаат да се налутат, а нивната реакција е во зависност на тоа какви чувства имаат за личноста на која ѝ се лути.
Нивната реакција може да варира од отворена расправија, па сè до физичко насилство и злоупотребување.
Треба да ви стане јасно дека Лавовите се луѓе кои се малку егоистични, принципиелни и чувствителни по природа, а имаат многу чувствително его. Често знаат како да ги преувеличат работите и да драматизираат.
Но, од друга страна не треба да се заборави дека тоа се страсни и дарежливи луѓе кои се мошне отворени за своите емоции и знаат да сакаат од сè срце.
Затоа справувањето со гневните Лавови знае да биде вистински предизвик. Ако сте им блиски и ги сакате, ќе бидете подготвени да им прогледате низ прсти, а ако не сте блиски со нив, ќе имате трауми од нивните негативни емоции.
За Лавовите е многу важно да научат да земат здив пред да избувнат. Кога ќе почувствуваат дека се гневни, важно е да вдишат длабоко, да излезат на прошетка и потоа да одговорат.
Мора да имаат предвид дека сами ќе треба да се соочат со последиците од тоа што ќе ги повредат саканите.
Девица
Девиците може да изгледаат премногу воздржани и намќорести. Тие се перфекционисти кои очекуваат многу од сите, вклучително и од себеси.
Па често им се случува да си постават нереално високи критериуми и да бидат премногу критички настроени кон луѓето за коишто се грижат.
Затоа многу ретко може да се случи да ги видите Девиците среќни или задоволни од нешто или од некого во животот. Ви се чини дека постојано се намуртени, бараат ситници и не се согласуваат со други.
Добро би било кога Девиците би можеле малку повеќе да се сконцентрираат на позитивните работи кај себе и кај другите, наместо постојано да бараат маани и недостатоци.