Каков ви е односот со вашата мајка, според нејзиниот хороскопски знак?

Мајката родена во знакот Бик постојано ќе ви нуди вкусни оброци вам, но и на вашите пријатели. Јарците, пак, се многу амбициозни и секогаш ќе ве поддржуваат, но, ако нешто тргне наопаку, подгответе се да слушнете „Ти реков јас!“

kakov-vi-e-odnosot-so-vashata-majka-bazirano-na-nejziniot-horoskopski-znak-01.jpg

На еден или на друг начин, мајките се неверојатни. Мајката е синоним за поддршка, љубов, утеха, а ниту една друга врска на светот не може да биде толку силна колку врската на мајката со нејзините деца.

Секоја мајка има свои карактерни особини кои на некој начин влијаат на воспитувањето на децата, но она што на крај е важно што целта на сите им е иста: среќни деца.

Kаков ви е односот со вашата мајка, според нејзиниот хороскопски знак?

Овен – безрезервна поддршка

Кога ви треба некој целосно да ве поддржи и да биде со вас додека освојувате нови полиња, мајките Овни нема да ве изневерат.

Но, кога вашите цели нема да се совпаднат со нејзините очекувања, дефинитивно многу брзо ќе дознаете за тоа.

И покрај сè, мајката Овен нуди поддршка, ги обожава своите деца и невозможно е да се замисли светот без нејзината љубов.

Бик – постојано нуди храна

Жените родени во хороскопскиот знак Бик го обожаваат својот дом и семејството и ним им посветуваат посебна енергија, при што сакаат сè да им изгледа, звучи, чувствува и мириса прекрасно.

Кога ќе ви доаѓаат пријатели на гости, често ќе ги гледате околу кујната на мајка ви која секогаш нуди вкусни оброци.

Близнаци – смешни и забавни

Ако вашата мајка е родена во хороскопскиот знак Близнаци, тогаш сигурно ја познавате како жива, љубопитна и смешна личност.

Кога зборувате, знаете дека можете да ѝ кажете сè, поретко се вознемирува и ќе се навикнете дека може со насмевка да ги прифати повеќето ситуации.

Рак – заштитнички настроени

Личностите родени во знакот Рак се едни од најпосветените, најлојалните и најљубезните родители.

Додека стигнете од спалната соба до кујната, вашата мајка може трипати да го смени своето расположение.

Насмеана е, честопати плаче, но знае и за забава. Децата ѝ се во центарот на нејзиниот свет и бескрајно ги обожава.

Лав – едноставно, најдобри

Мајките Лавици се возбудливи, смешни, забавни и жестоки. Оваа жена ве турка да одите напред, понекогаш може да ве изнервира, но нејзиното мешање секогаш е со најдобра намера.

Таа едноставно го сака најдоброто за нејзините блиски и никој не сака повеќе од своите деца.

Девица – нема да ве осуди, но...

Мајките Девици многу често сакаат да бидат во право за сè. Ќе имате многу незаборавни инциденти кога таа жестоко ќе коментира за аспекти од вашиот живот, за кои не сте ни свесни дека знае.

Но, покрај сè ќе ја цените нејзината искреност, зашто таа е вашиот херој. Нејзиното одобрување ви значи многу, најверојатно затоа што треба добро да се „заработи“.

Продолжува на следната страница ...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg