Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак

edna-rabota-so-koja-nesvesno-si-ja-sabotirate-srekjata-vo-ljubovta-02.jpg

Вага

Вашето его.

Вие сте перфекционист и вашиот идеалистички поглед кон животот ви создава многу проблеми, особено во врските.

Имате превисоки очекувања од себе, но и од партнерот.

Вие мислите дека партнерот треба да биде „суперчовек“ без ниту една мана и никогаш да не покажува слабост.

Кога ќе сфатите дека врската станува сериозна, вие почнувате да се плашите дека нема сè да биде совршено.

Тешко ви е да прифатите дека некогаш ќе имате недоразбирања и ќе се карате (што е нормално во секоја врска), па почнувате да се оддалечувате од партнерот.

Мора да сфатите дека ништо во животот не е совршено и најпрво да пробате да ги прифатите вашите несовршености и да не дозволите егото да ве спречи во тоа.

Скорпија

Вашиот страв дека ќе бидете оставени.

Вие можете да бидете прекрасен и грижлив партнерот, но секојпат кога сте во добра врска, вие почнувате да се плашите дека партнерот ќе ве напушти.

Дури и кога е очигледно дека тој ве сака и цени, вие почнувате да мислите дека потајно ве презира и планира да ви раскине.

Овие мисли ве „трујат“ и не ви дозволуваат да уживате во миговите со партнерот.

Постојано барате начин да си ги оправдате стравовите и некогаш одете дотаму, што почнувате непотребни расправии.

Дури и најмалите конфликти ве плашат и ги гледате како крај на врската.

Ако сфатите дека несогласувањата се нормален дел од секоја врска, ќе бидете многу посреќни.

Стрелец

Стравот да го поминете животот со една личност.

Вие сте авантурист кој не може да остане долго време на едно место.

Поради ова, пак, вие како да се плашите од сериозни врски бидејќи мислите дека ќе ве заробат.

Дури и кога сте со партнер сличен на вас и кој ја цени вашата авантуристичка страна, вие мислите дека кога-тогаш ќе побара од вас да се „смирите“.

Дури и кога многу ја сакате таа личност и не можете да си го замислите животот без неа, вие се плашите од помислата за сериозна врска.

Мора да сфатите дека кога ќе ја најдете вистинската личност, таа нема да проба да ве промени и да ја одземе возбудата до вашиот живот.

Напротив, оваа личност ќе ве поддржува и во најлудите идеи, а сигурно ќе биде овде за секоја ваша авантура.

Треба само да ѝ дадете можност да ви го покаже тоа.

Јарец

Вашата потреба за контрола.

Не можете да ги решавате туѓите проблеми и не можете да ги терате другите да прават или да чувствуваат нешто само затоа што вие сакате.

Вашата желба да ја контролирате секоја ситница во животот, вклучувајќи го и животот на партнерот, дефинитивно ви создава сериозни проблеми.

Вам ви е тешко да сфатите дека партнерот е посебна, независна личност која не може да се покори на сите ваши правила.

Но, токму ова ги прави врските убави – различностите помеѓу партнерите и новите перспективи што си ги пружаат еден на друг.

Ако најдете партнер кој го разбира вашиот перфекционизам, но нема да пробувате да му го наметнете, тогаш ќе бидете среќни.

Водолија

Вашите мали мани.

Вам не ви е тешко да најдете добар партнер и не ви е тешко да се вложите во врската.

Вашиот најголем проблем е тоа што мислите дека малите мани ве прават различни од сите други и дека поради нив партнерот не може да ве разбере.

Мислите дека партнерот секогаш ќе ве презира и потајно ќе има лошо мислење за вас.

Во реалноста, вие не му дозволувате на партнерот да ве разбере.

Затворени сте, не ги споделувате вашите грижи и дури и кога партнерот сака да допре до вас, вие никако не му дозволувате.

Мора да бидете поотворени во врската да сфатите дека штом некој ве сака, ве сака заедно со сите ваши мани и недостатоци.

Риби

Вашата расеаност.

Вие сте непредвидливи и неодлучни, особено кога станува збор за големи животни одлуки.

Имате изразена имагинација, имате и емпатија за сите, но неретко сте расеани и премногу се потпирате на чувствата.

Ова, пак, може да ја разниша стабилноста во секоја врска.

Партнерот не знае што може да очекува од вас, а вие, пак, никогаш не му кажувате.

Мора да сфатите што сакате и што очекувате од партнерот и животот воопшто и отворено да зборувате со него за ова.

 



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg