Љубовниот совет што ви е потребен овој Валентајн, според хороскопскиот знак

Бикови, заборавете на љубовните болки од минатото и веднаш ќе забележите промена на љубовен план.

ljubovniot-sovet-shto-vi-treba-ovoj-valentajn-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Додека некои го слават Св. Трифун, за многумина 14-ти февруари е Денот на вљубените. И, без разлика дали се сингл или во врска, сакаат да го поминат денот славејќи ја љубовта.

Ако очекувате подобрување на љубовен план, погледнете кој совет треба да го слушните овој Валентајн за да си помогнете самите:

Овен

Љубовта секогаш доаѓа со цена – некогаш треба да жртвувате нешто, а некогаш да се помирите со болката што можеби ќе ви ја предизвика.

Не постои љубов без компромис, а она што ве мачи е дали на крајот вреди целата жртва.

Пробајте да ги разгледате сите предности и недостатоци и ако верувате дека ќе бидете среќни, некогаш и вреди да ризикувате.

Бик

Во мигот кога ќе го заборавите лошото минато, ќе станете отворени за многуте нови можности што ве очекуваат.

Ќе влезете во нова фаза од животот и ќе ви се врати надежта дека ќе бидете среќни.

Овој Валентајн ослободете се од она што ве кочи, заборавете на љубовните болки од минатото и веднаш ќе забележите разлика.

Близнаци

Немојте да мислите дека со искреноста ќе го влошите односот со партнерот или личноста што ви се допаѓа.

Бидете искрени со себе и не ги кријте вашите потреби и желби.

Немојте да го криете ни вашето вистинско лице ако сакате да почувствувате вистинска среќа на љубовен план.

Рак

Овој Валентајн среќата дефинитивно е на ваша страна кога станува збор за љубовта.

Ако сте во подолга врска, ќе ја вратите страста со партнерот. Ако, пак, сте сингл, сосема возможно е да го промените статусот.

Треба само да си дозволите да бидете среќни.

Лав

Периодов како да сте ги запоставиле вашите најдлабоки потреби и желби во љубовта.

Ако сте во врска, можеби се прашувате дали вреди да продолжите. Ако сте сингл, се прашувате дали вреди да продолжите да барате партнер.

Овој Валентајн заборавете на овие грижи и бидете отворени за можностите што ви се пружат и наскоро среќата ќе ви се насмевне.

Девица

Сте добиле или денес ќе добиете понуда која првично ќе ја одбиете.

Но, добро размислете дали треба да кажувате „не“ за буквално сè.

Бидете отворени за промени, ризикувајте, направете нешто без разлика што ве плаши и ќе бидете многу посреќни.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg