Каде треба да отпатувате во 2024-та според хороскопскиот знак?

Скорпија - Скорпиите сакаат возбуда, страст, па токму поради тоа совршена дестинација за нив во 2024-та е Куба.

хороскоп-01.jpg

Новата година носи нови авантури и патувања. Но, каде би сакале да отпатувате?

Ако немате идеја, астролозите избраа совршена дестинација за секој хороскопски знак за 2024-та.

Која е вашата?

Овен

Овните сакаат адреналин, па затоа може да го посетат Париз во 2024-та.

Градот „живее“ брзо, нуди за секого по нешто - од храна и архитектура, до одлична забава и, секако - Дизниленд.

Бик

Биковите кои бараат мирно место за одмор, оваа година би требале да отпатуваат на Исланд.

Тоа може да биде кон крајот на август, кога не е многу студено, а веќе може да се забележи и поларната светлина.

Близнаци

Близнаците, кои се познати по тоа дека имаат „две лица“, оваа година може да го посетат Баку, Азербејџан, градот кој има исто така две лица.

Од една страна е богатиот нов дел со модерна архитектура, а од друга страна е руралното Баку, со многу историја, но и сиромашни делови.

Рак

Раковите уживаат кога сè околу нив е мирно, па оваа година може да посетат некоја песочна бела плажа каде што само ќе се излежуваат и ќе уживаат во тишината.

Предлог дестинација за 2024-та за Раковите е Малдиви.

Лав

Лавовите оваа година треба да отпатуваат на Миконос.

Островот, кој е еден од најпознатите во Грција, но и во светот, нуди луди забави, прекрасни плажи, вкусна грчка храна и можност да сретнете некој од бројните светски ѕвезди кои го посетуваат секоја година.

Девица

Девиците работат напорно и сакаат совршенство.

Па, таква треба да биде и дестинацијата што ќе ја посетат во 2024-та, а астролозите го препорачуваат Токио.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
4 хороскопски знаци на кои очајно им е потребен одмор Скорпии, можеби пробувате да се убедите дека не ви е потребен одмор, но и самите...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg