Годишен хороскоп за 2024: Скорпија
Одлучни сте да направите некои промени на финансиски план, и благодарение на некои добро промислени ризични одлуки може да заработите повеќе отколку што сте очекувале. Но, ќе треба да бидете особено внимателни доколку работите со партнери, со кои е можно да имате конфликти.
За Скорпиите 2024 ќе биде година на крупни промени и трансформации. Можни се големи воздигнувања, но и неочекувани падови. Затоа особено ќе треба да бидат внимателни во одредени периоди во годината, но и да внимаваат на сопственото однесување.
Ќе имате можност да остварите голем број сопствени соништа, но ќе се соочите и со предизвици и проблеми, особено ако се држите до сопственото мото дека „молчењето е злато“ и дека тоа што другите не го знаат не може ниту да ги повреди.
Најсилно оружје ќе ви бидат истрајноста и упорноста, а најголем непријател таинственоста која ви е вродена особина, а во 2024 може да ви донесе голем број главоболки, и тоа на секој план.
Работа и кариера
Во 2024 ѕвездите ќе ви бидат наклонети на поле кариера и финансии, но ќе има периоди кога ќе треба да бидете особено внимателни.
Годинава можно е конечно да го добиете унапредувањето или работното место што долго време сте го посакувале. Одлучноста и самодовербата ви се најсилно оружје, а неопходно ќе ви биде да се потрудите да стекнете што е можно повеќе нови контакти и да ги најдете вистинските соработници.
Сепак, ќе има периоди кога ќе мора да бидете особено внимателни да не влегувате во конфликти со колегите и претпоставените. Грижете се повеќе за сопственото здравје и не дозволувајте целосно да бидете преокупирани само со работата, па да ја истурате негативната енергија врз луѓето околу вас.
Одлучни сте да направите некои промени на финансиски план и благодарение на некои добро промислени ризични одлуки, може да заработите повеќе отколку што сте очекувале.
Годинава особено ќе дојде до израз вашата способност да ги откриете скриените можности за заработка и да направите мудри инвестиции.
Сепак, треба да бидете особено внимателни доколку работите со партнери, со кои е можно да имате конфликти заради заедничките финансии. Ќе биде потребно да бидете целосно искрени за да ги избегнете недоразбирања.
Исто така, ќе треба да бидете особено внимателни со импулсивните одлуки за парите, како и во комуникацијата со колегите и соработниците во периодите кога Меркур ќе биде ретрограден, па добро ќе биде за секоја одлука да барате совети од поискусните.
Иако по природа сте мистериозни и повлечени, обидете се да не ги криете финансиските проблеми од најблиските, затоа што тоа може да ви донесе непотребни главоболки.
Љубов
Без разлика дали сѐ уште ја барате вистинската љубов или само минливи авантури, 2024 за Скорпиите ќе биде година во која ќе имаат голем број можности да си ги остварат плановите на љубовен план.
Скорпиите што се сингл годинава ќе зрачат со позитивна енергија и сексапил, па лесно ќе успеваат да ги привлечат припадниците на спротивниот пол.
Сепак, имајте на ум дека ова ќе биде мошне важна година за вас. Па така, можни се голем број раскинувања и почетоци на нови љубовни врски.
Комуникацијата со партнерот ќе биде од клучна важност за да се зачуваат постоечките врски, а некои претставници на знакот може да одлучат дека не се среќни со партнерот со којшто се заедно во моментот и да одлучат да си ја побараат среќата со некој друг.
Особено ќе треба да внимавате на чувството на љубомора и обидот да го имате главниот збор во врските. Исто така ќе треба да се обидете да ја скротите сопствената посесивност и да не дозволите работите да излезат од контрола.
Иако за некои претставници на знакот ова ќе бидат болни периоди, сепак, мора да сфатите дека понекогаш се неопходни за да можете да напредувате во животот и да сфатите што е тоа што навистина ви треба.
Скорпиите што се во брак ќе треба да бидат особено внимателни и да не дозволат љубоморните испади и финансиските проблеми да им ја уништат хармонијата со партнерот.
Ќе биде потребно да бидете целосно отворени и искрени со партнерот и да се потрудите да не криете ништо.
Здравје
По природа склони сте кон опсесии, па може да се случи да почнете неконтролирано да вежбате или да си наметнувате себеси строги и ригорозни диети.
Тоа нема да ви оди во прилог, па ќе мора да научите како да воспоставите поголем баланс.
Стресните ситуации и периоди може негативно да се одразат и врз физичкото и менталното здравје, а и на овој план вашата таинственост може да ви претставува проблем.
Потрудете се да не ги криете ниту најмалите симптоми од блиските и од лекарите. Запомнете никој не може да знае што точно ви се случува, ако не кажете.
Исто така, потрудете се да ги следите советите на медицинските лица, а ако е потребно за некои проблеми побарајте и второ мислење.
фото: depositphotos.com