Кој грчки бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак (и што тоа открива за вас)?
Биковите се слични на Хестија – божицата која е симбол на радост, задоволство и хармонија. Припадниците на знакот мразат расправии и сакаат околу нив да владее мир.
Секој хороскопски знак си има свој претставник во грчката митологија.
Што мислите, дали вие сте најслични со Афродита или, пак, можеби Зевс?
Дознајте во продолжение:
Овен – Арес
Арес е грчки бог на војната кој честопати е претставен како агресивен и насилен.
Но, покрај лошите карактеристики, тој е моќен и страстен, исто како припадниците на знакот.
Тие се силни и борбени, способни се за интензивна љубов.
Но, кога некој ќе им погреши, можат да покажат огромна омраза.
Бик – Хестија
Хестија е сестра на Зевс и е божица на срцето.
Како припадниците на знакот, има способност да ги зближува луѓето и е олицетворение на семејството и домот.
Хестија е симбол на задоволство, радост и хармонија.
Припадниците на знакот честопати избегнуваат расправи и сакаат околу нив да владее мир.
Близнаци – Хермес
Хермес е гласникот на боговите, а честопати е нарекуван одметник, но и бог на профитот и дипломатијата.
Тој се смета и за заштитник на патниците, трговците, а понекогаш и крадците.
Сепак, постои верување дека Хермес претставува и мудрост, а припадниците на знакот се истакнуваат со оваа одлика.
Рак – Хера
Хера е кралицата на боговите и сопруга на Зевс. Заштитничка на бракот, но и на мајките во текот на породувањето.
Таа е најмоќната божица и претставува пример и за боговите, и за луѓето.
Слично на неа, припадниците на знакот се грижливи и саканите секогаш можат да се потпрат на нив.
Лав – Аполон
Аполон е еден од омилените синови на Зевс. Тој е исцелител и ја цени уметноста.
Луѓето родени под неговиот знак се одликуваат со непостојаност, а неретко се сметаат и за несериозни и површни.
Сепак тие знаат да ги цент оние кои ги сакаат и се трудат да го покажат тоа на секој можен начин.
Девица – Атина
Атина е божица на војната, но многу повеќе на мудроста и знаењето.
Како неа, Девиците се желни за знаење и ја ценат уметноста.
Добри аналитичари се и можат да ги контролираат своите емоции во секој миг.