Колку долго ќе живеете и со кои карактеристики се истакнувате, според еврејскиот хороскоп?

Луѓето родени во знакот на Шор (Бик) се стабилни, цврсто стојат на земја со двете нозе. На нив можете да се потпрете во секое време. Сепак, тие можат да бидат и тврдоглави и одмаздољубиви. Нивниот животен век е над 74 години.

kolku-dolgo-kje-zhiveete-i-so-koi-karakteristiki-se-istaknuvate-spored-evrejskiot-horoskop-01.jpg

Еврејскиот хороскоп се смета за најпрецизен и најточен во светот, па доколку верувате во астрологија, сигурно ќе ве интерсира со кои карактеристики се истакнувате, но и колку години ќе живеете.

Што открива еврејскиот хороскоп за вас?

Тале (Овен) 21.03 – 20.04

Животен век: повеќе од 78 години.

Родените во овој знак се импулсивни, лесно пламнуваат, нетрпеливи се и имаат проблеми со самоконтролата. 

Познати се по интензивните чувства, кои можат да ја откријат нивната избувливост, а понекогаш и нетрпеливост.

Сепак, тие не се без доблести - искрени се и многу чесни, па ова објаснува зошто многу херои се родени токму во овој знак. 

Во љубовта секогаш им треба возбуда, живеат од страст и знаат да покажат љубомора.

Шор (Бик) 21.04 – 20.05

Животен век: повеќе од 74 години.

Луѓето родени во знакот на Шор се стабилни, цврсто стојат на земја со двете нозе. 

На нив можете да се потпрете во секое време.

Сепак, тие можат да бидат и тврдоглави и одмаздољубиви.

Припадниците на овој знак обожаваат материјални работи, а понекогаш знаат да бидат и алчни поради големата желба за луксузен живот.

Умеат да бидат крајно посесивни во љубовта, па прават и љубоморни сцени.

Теом (Близнаци) 21.05 – 21.06

Животен век: повеќе од 70 години.

Родените во овој знак имаат изразена интелигенција, снаодливи се и многу креативни, особено кога треба да се изразат. 

Затоа се одлични во комуникацијата и односите со другите. Љубопитни се и сакаат да дебатираат и разговараат со луѓе со спротивставени ставови.

Тие не се скржави и со задоволство ќе споделат сè што имаат, дури и со луѓе кои не им се блиски.

Вечно трагаат по спокој и онаа совршена друга половина со која ќе бидат среќни и ќе ѝ бидат лојални до крајот на животот.

Сартан (Рак) 22.06 – 22.07

Животен век: повеќе од 80 години.

Тие се исклучително интелигентни луѓе и одлични уметници и не им пречи да ја покажат својата романтична страна и сензуалност. 

Иако не сакаат тоа да го покажат, луѓето родени во овој знак се многу чувствителни, исто како и Раковите. 

Исто така, изгледаат како некој што сака да се расправа и да „истера по свое“, но на крајот генерално попуштаат и се многу толерантни.

Знаат да бидат и одмаздољубиви, често се сомничави кон секого и сè, а можат да бидат и многу егоцентрични. 

Сепак, тие се внимателни во љубовта и често се пример за идеални брачни партнери.

Арие (Лав) 23.07 – 23.08

Животен век: повеќе од 79 години.

Исто како Лавовите, луѓето родени во знакот Арие често изгледаат суетни и арогантни, но се многу внимателни кон своите сакани и знаат да покажат благодарност. 

Во секој случај, тие се ценат себеси, исклучително се елегантни, достоинствени и искрени, а често и физички привлечни.

Во животот секогаш се трудат да бидат меѓу најуспешните, копнеат по луксузен живот и хедонизам, а во љубовта даваат сè и го бараат истото. 

Ако им давате причина за љубомора, внимавајте.

Бетула (Девица) 24.08 – 22.09

Животен век: повеќе од 78 години.

Овие луѓе се генерално одлични организатори, интелектуалци се и исклучително образовани. 

Точноста и сè да биде според планираното им се многу важни, па затоа се многу вредни и умеат да ги критикуваат другите кога слепо не ги следат упатствата, правилата и редот.

Бетулите знаат да бидат премногу принципиелни, а се случува и да бидат незабележани иако имаат квалитети.

Кога станува збор за љубовта, таму најчесто им оди полошо отколку на работа, па често се осамени, а поради својата наивност лесно можат да бидат измамени.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg