Со кој хороскопски знак никогаш не би требало да почнувате врска (иако привлечноста меѓу вас е магнетна)?
Близнаците се мошне љубопитни по природа, па затоа воопшто не зачудува тоа што од првиот миг може да ги привлече мистериозноста на Скорпијата. Но, проблемите настануваат кога на виделина ќе излезе посесивната страна на Скорпијата.
Според астрологијата постојат хороскопски знаци што меѓусебно се привлекуваат и имаат невидена хемија меѓу нив, но во поглед на карактерните особености врските меѓу нив би можеле да бидат вистинско измачување и не би биле одржливи на долг рок.
Се смета дека секој знак има свој главен непријател со кого не би можел да оствари здрава и искрена врска, па заради тоа, таквите поврзувања треба да се избегнуваат.
Со кој хороскопски знак не би требало да размислувате да започнете љубовна врска?
Овен – Со друг Овен
Оваа врска може да почне бурно и експлозивно и брзо да ве обземат страстите, но многу е веројатно таа страст брзо да согори и да го загуби интензитетот.
Врската меѓу два Овни би била постојана битка за тоа кој е во право и притоа ниту еден од нив нема да сака да попушти, ниту да ја има споредната улога во врската.
Сѐ на сѐ, станува збор за врска во која сексот ќе биде неповторлив, а кавгите уште поинтензивни.
Бик – Со Стрелец
Биковите често знаат да го третираат партнерот како да е нивна сопственост и главните проблеми настануваат кога Стрелецот ќе ја покаже својата авантуристичка и нескротлива природа.
На почетокот на врската може да им се допадне нивната бунтовна природа, но тие се осудени на пропаст тогаш кога Бикот ќе сфати дека Стрелецот не е заинтересиран за сериозна и цврста основа на врската.
Ако на тоа се додаде дека лојалноста која на Бикот му е најважна, е сосема непознат збор за Стрелецот, станува веднаш јасно дека оваа врска е осудена на пропаст.
Близнаци – Со Скорпија
Близнаците се мошне љубопитни по природа, па затоа воопшто не зачудува тоа што од првиот миг може да ги привлече мистериозноста на Скорпијата.
Но, проблемите настануваат кога на виделина ќе излезе посесивната страна на Скорпијата, која има огромна потреба за интимни мигови, но не може да поднесе неважни разговори и има совршено развиени методи за избегнување на тешки теми.
Близнаците си ја сакаат слободата и постојано да флертуваат, а Скорпиите сакаат да го стават партнерот во „пранги“ и да не му дозволат да мрдне, па јасно е дека оваа врска нема иднина.
Рак – Со Водолија
Водолиите се најнезависните луѓе во Зодијакот, кои сакаат да имаат автономија, уживаат во самотијата и често сакаат да имаат посебен простор каде што ќе можат да живеат настрана од партнерот.
Од друга страна, Ракот кога започнува врска, сака на партнерот да му ја даде душата, телото и домот.
Сите реакции на Ракот се предизвикани од неговите силни емоции, додека Водолиите имаат за цел да ги рационализираат и да најдат научно решение за таквите емотивни изливи.
Сѐ на сѐ, иако можеби на прв поглед може да се привлекуваат, Ракот и Водолијата не можат долгорочно да опстанат во врска.
Лав – Со Девица
Лавовите постојано имаат потреба да добиваат признанија за нивниот труд и постојано некој да го храни нивното его и да им го даде времето и вниманието што им е неопходно за да се чувствуваат како вистински кралеви.
Девицата, која по природа важи за мошне повлечена личност, ќе се чувствува исцрпено и уморно од потребата на Лавот постојано да биде во фокусот на вниманието.
Имајќи предвид дека Лавот постојано живее во страв дека ќе го загуби своето место на лидер и е мошне чувствителен на критики, нему воопшто нема да му се допадне критички настроената природа на Девицата, која само сака да го извади најдоброто од него.
Девица – Со Вага
Девиците се практични и ефикасни и тие не се плашат да работат напорно за да најдат решение и одговор на сите проблеми и да ги разоткријат мотивациите на другите.
Вагите, пак се познати по тоа што знаат да шармираат, да заведуваат со зборовите и по тоа што се обидуваат да ги решат работите по пократкиот пат.
На Девицата ѝ се допаѓа тоа што треба да работи напорно за да го постигне тоа што сака, а на Вагата не. На Вагата ќе ѝ пречи тоа што Девицата не знае како да се опушти и да се препушти на забавата, а на Девицата ќе ѝ пречи неодлучноста и непосветеноста на Вагите.