Која храна ви е афродизијак, според хороскопскиот знак?
Рак - Се смета дека остригите се вистински афродизијак за нив, па добро би било да ги однесете на вечера со морски плодови.
Често се пишува за тоа дека одредена храна придонесува за зголемување на либидото и сексуалната возбуда кај мажите и жените. Но, ако ги прашате астролозите, секој хороскопски знак има по еден вкус или мирис што веднаш го возбудува.
Која храна е вашиот афродизијак, според хороскопот?
Овен
Познати се како луѓе кои не водат премногу сметка за предиграта и сакаат веднаш да преминат на главното.
Ретко се свесни дека ѓумбирот им делува како афродизијак, па често избегнуваат да го консумираат. Но, ако сакате да ги возбудите, добро би било да им понудите колачиња или пијалак во кој има ѓумбир.
Бик
Важат за најголеми гурмани во Зодијакот, затоа што уживаат во различни вкусови на храна и пијалаци.
Биковите обожаваат кога пред интимниот чин ќе излезат на романтична вечера со партнерот, а најмногу ги возбудува вкусот на медот.
Можете да ги излудите доколку ги послужите со десерти коишто содржат мед.
Близнаци
Склони се кон експериментирање, и според астролозите многу повеќе ги возбудуваат еротските разговори од храната.
Сепак, се смета дека мошне ги возбудува вкусот на циметот.
Послужете ги со кафе или чај зачинети со цимет и тоа ќе ви загарантира незаборавни мигови.
Рак
На прв поглед изгледаат мошне срамежливи, но не е така. Тие ја сакаат предиграта и мошне ги возбудува еротската масажа, особено ако употребите разни мирисливи масла.
Се смета дека остригите се вистински афродизијак за нив, па добро би било да ги однесете на вечера со морски плодови.
Лав
Самоуверени и жедни за внимание, Лавовите најмногу од сè сакаат комплименти, но ако сакате да ги возбудите со помош на храна, тогаш ќе треба да посветите повеќе внимание на зачините.
Најчесто се вели дека најголем афродизијак им е најскапиот зачин во светот, шафранот, но подеднакво ќе ги возбудите и ако им послужите лута храна со чили пиперчиња, иако никогаш нема да ви признаат.
Девица
Важат за мошне педантни луѓе, а контрадикторно е тоа што ги возбудува мирисот на кулинарската состојка што многумина не можат да ја поднесат – кромидот.
Им се допаѓа и ги возбудува храната во која има многу кромид – но очекувајте дека прво добро ќе ги измијат забите пред да се впуштат во интимните мигови.