Кои мажи сакаат жената да доминира во врската според хороскопот (и зошто)?
Вага - Немаат проблем со тоа што партнерката им кажува што треба да прават, а и ако им пречи нема да речат ништо само за да го задржат мирот во врската.
Некои мажи сакаат да го имаат главниот збор во врската, а други, пак, сакаат тоа да ѝ го препуштат на партнерката.
Според астролозите, мажите родени во овие 4 хороскопски знаци сакаат партнерката да доминира и воопшто не им пречи што таа го има главниот збор во врската.
За кои хороскопски знаци станува збор?
Бик
Ниту сами не се свесни колку се лесни за да се доминира со нив.
Не се премногу среќни кога тие треба да го имаат главниот збор и затоа се подготвени командата да му ја препуштат на некој друг.
Не дека се чувствуваат несигурни во себе, туку едноставно сакаат некој друг да ја има контролата, а тие само да се препуштат и да уживаат.
Никогаш нема да ви признаат, но убаво се чувствуваат кога знаат дека се ослободени од стресот што им се создава кога треба да носат одлуки.
Близнаци
Уживаат во тоа да ги направат другите луѓе среќни и мошне се флексибилни.
Отворени се и секогаш се подготвени да ги прифатат туѓите идеи, па им се допаѓа кога на некој друг ќе му текне што треба да се прави.
Сепак, се чувствуваат загрижени и нервозни кога треба да побараат помош и на некој друг да му признаат дека не сакаат да го имаат главниот збор.
Рак
Мошне се емотивни, но и постојано се фокусирани на сè што се случува околу нив, па внимаваат на сите детали.
Не сакаат премногу да превземаат иницијатива затоа што секогаш прво ги земаат предвид емоциите на партнерката.
Раковите се чувствуваат многу поубаво кога ќе ѝ дадат можност таа да го има главниот збор, затоа што знаат дека на тој начин сигурно нема да ѝ ги повредат чувствата.
Вага
Тоа се дипломати што имаат за цел да ги импресионираат сите луѓе околу себеси и да ја сочуваат добрата комуникација.
Заради тоа може да се случи во љубовните врски да станат пасивни и слепо да ги следат наредбите од партнерот.
Немаат проблем со тоа што партнерката им кажува што треба да прават, а и ако им пречи ништо нема да кажат само за да го задржат мирот во врската.
Б. С. Б. | Црнобело