На што најмногу се „возбудуваат“ хороскопските знаци?
Родените во знакот на Скорпија ја сакаат играта, па затоа испраќајте им возбудливи пораки и фотографии, а тие ќе бидат „запалени“ и подготвени да ви се предадат.
Секој хороскопски знак го возбудуваат различни работи. Некој сака убаво обликувано тело, друг се „пали“ на нежен допир, на трет му е најважно партнерот да му го стимулира умот.
На што се возбудувате вие?
Овен
Овните сакаат убаво градени тела, па доволно е да им покажете убаво формирана рака, „плочки“ на стомакот или мускулести нозе и тие ќе се возбудат.
Бик
Биковите се „палат“ кога некој сака да има секс со нив. А ако престанете да имате редовен секс со нив, тогаш можете да ги возбудите со подароци.
Близнаци
Близнаците се „палат“ ако некој им го стимулира мозокот. Затоа со нив разговарајте за литература или изберете филозофски теми.
Рак
За да го „запалите“ Ракот доволно е да ги погалите нежно по ногата или раката – тие нема да може да му одолеат на сензуалниот допир.
Лав
Со Лавовите однесувајте се како да се кралеви. Сè додека се во центарот на вашето внимание, тие ќе бидат среќни. А се возбудуваат ако нежно ги допирате по грбот.
Девица
Девиците се „палат“ ако им дадете контрола – тие ќе бидат пресреќни ако ги следите нивните правила и ќе ве сакаат уште повеќе.