Ретроградна Венера од 22 јули ќе донесе драма и љубовни промени - Како ќе влијае на хороскопските знаци?
Вага
Во следниот период можно е да го видите вистинското лице на некои ваши пријатели.
Ако тоа не ви се допадне, можеби ќе ги прекинете сите контакти со некои од нив.
Но, ова е и време кога ќе си остварите некој свој дамнешен сон.
Скорпија
Иако не се грижите за тоа што го мислат другите, ретроградната Венера во Лав може да ви ја смени перцепцијата за околината, па вие да станете љубоморни, да почнете да им верувате на непроверените гласини или да ги осудите луѓето беспотребно.
Обидете се да го игнорирате сомнежот во вашата глава.
Стрелец
Иако сте од оние луѓе кои секогаш одат напред, ретроградната Венера може да влијае демотивирачки на вас.
Наместо да се фокусирате на нови работи, вие ќе бидете „заглавени“ во минатото.
Сепак, овој период нема да трае долго, а вие ќе се вратите на вашите стари добри навики по 3-ти септември.
Јарец
Кај вас ретроградната Венера ќе влијае на две полиња – финансиите и љубовните врски.
Ова е поволен период да решите некој финансиски проблем.
Но, од друга страна, ќе ги запоставите партнерот, семејството, пријателите и тоа може да има долгорочни последици.
Водолија
Ќе чувствувате несигурност, нема да знаете кому да се посветите и дали вреди да си го трошите времето на некои луѓе.
Ретроградната Венера не е поволно време да почнете нови врски – ни љубовни, ни пријателски, ни деловни.
Почекајте да помине 3-ти септември за работите да тргнат на подобро.
Риби
Ретроградната Венера кај вас е фокусирана на вашето здравје и благосостојбата.
Ќе сакате да се тргнете од сите негативни влијанија на околината и да си посветите време на себе.
Ова е одличен период да смените некои стари лоши навики или да се откажете од некој порок.
А. Ј. | Црнобело