Која е идеалната летна дестинација за секој хороскопски знак?
Вага
Вагите сакаат да учат за културата и обичаите на други народи, па класичен одмор на плажа можеби не е најдобриот избор за нив.
Но, патување во град богат со историја, како Венеција, ќе ја задоволи нивната желба за учење и истражување.
Скорпија
Кога одат на одмор, Скорпиите сакаат да се оддалечат од сите грижи што ги враќаат во реалноста.
Поради ова, одморот на некоја далечна дестинација, како Тајланд, е идеален за нив.
Ваквите патувања им даваат можност да искусат потполно нова култура, но и вистински да се одморат.
Стрелец
Како најголемите авантуристи во зодијакот, Стрелците нема да се задоволат со одмор на дестинација што ја виделе сите.
Тие сакаат уникатни места, богати со историја, кои им нудат можност да истражуваат и да учат.
Поради ова, Мерида во Мексико може да биде совршена дестинација за нивниот летен одмор.
Јарец
Ако му дозволите на Јарец да го организира патувањето, нема да испуштите ниту една ситница од местото што ќе го посетувате.
Ако не се вратат помудри и со нови знаења и идеи, Јарците сметаат дека нивниот одмор бил трошење време.
Шангај може да биде совршена дестинација за нив бидејќи дефинитивно ќе ги инспирира, дури и на професионално поле.
Водолија
Водолиите сакаат нови места и нови луѓе. Ништо не може да ја задоволи нивната љубопитност, па навистина им е потребен одмор поразличен од сите претходни
Јапонија, особено Токио, може да биде совршена дестинација за нив – ќе имаат можност да разговараат со луѓе многу поразлични од нив, но и да научат многу за фасцинантните историја и култура.
Риби
Рибите би биле најсреќни на тропска дестинација.
Тие сакаат да се релаксираат и да мечтаат, а плажата е најдоброто место за тоа.
Шпанија им нуди на Рибите сè што очекуваат од еден летен одмор – сончање, пливање и вистинско уживање.
Спирова С. | Црнобело