Кој ви е најголемиот страв според хороскопот (што ве наведува да се однесувате неразумно)?

Рак - По природа тоа се емпати што секогаш сакаат да даруваат љубов, но најмногу стравуваат дека чувствата нема да им бидат возвратени. Заради тоа може да се случи луѓето да ги карактеризираат како повлечени и резервирани, а всушност никој не знае дека тие умешно ги сокриваат сопствените емоции затоа што се плашат дека луѓето ќе ги злоупотребат.

koj-vi-e-najgolemiot-strav-spored-horoskopot-shto-ve-naveduva-da-se-odnesuvate-nerazumno-01.jpg

Не е слабост да признаете дека се плашите од нешто, туку храброст.

Тоа значи дека сте подготвени да се соочите со проблемот и да не им дозволите на негативните емоции да ве кочат во животот и да се однесувате неразумно.

Како најголемите стравови ви влијаат во животот и ве наведуваат да се однесувате неразумно, според хороскопскиот знак?

Овен – Страв од неуспех

Први се во Зодијакот, па затоа имаат желба да бидат и први и најдобри во сѐ.

Иако често немаат желба да бидат славни и популарни, сепак, најголемиот страв им е дека нивните желби нема никој да ги слушне, а стравот од неуспех е она што најчесто ги мотивира да прават сѐ, па и непромислени работи, за да останат најдобри.

Бик – Страв од непознатото

Мошне се стабилни и сталожени и не се снаоѓаат во ситуации каде работите се менуваат од корен.

Честопати за нив се мисли дека не сакаат да се откажат од минатото и дека пружаат отпор на секој знак на промена, а стравот од неизвесноста и непознатото ги тера целиот живот да се подготвуваат за „судниот ден“ што никогаш нема да се случи.

Близнаци – Страв од монотонија

Ова се луѓе на кои никогаш не смее да им биде здодевно.

Тие се спонтани луѓе, што постојано имаат потреба за промена, па постојано бараат нови предизвици и работи што ќе им помогнат ниту еден нареден ден да не им биде ист со претходниот.

Понекогаш се подготвени да преземат и неразумни и непромислени чекори, само за да ја „убијат здодевноста“.

Рак – Страв од скршено срце

Раковите се мошне чувствителни луѓе и емоциите се нивниот главен двигател во животот.

По природа тоа се емпати што секогаш сакаат да даруваат љубов, но најмногу стравуваат дека чувствата нема да им бидат возвратени.

Заради тоа може да се случи луѓето да ги карактеризираат како повлечени и резервирани, а всушност никој не знае дека тие умешно ги сокриваат сопствените емоции затоа што се плашат дека луѓето ќе ги злоупотребат.

Лав – Страв дека никој нема да ги забележи

Лавовите имаат потреба секогаш да бидат во центарот на вниманието, а славата и чувството на моќ се нешто што најдлабоко ги мотивира.

Најголем страв им е дека еден ден таа моќ ќе им биде одземена или дека луѓето нема да им се восхитуваат и да ги сакаат, па прават сѐ за да останат во центарот на вниманието.

Девица – Страв од хаос

Педантни и добро организирани, Девиците веруваат дека би можеле да го доведат и универзумот во ред, само ако секој ги почитува правилата што тие му ги наметнуваат.

Живеат во постојан страв од хаос и неорганзираност, па затоа имаат потреба постојано да ги држат сите работи под контрола, па некогаш се неразумни во своите барања за ред и организација.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање? Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа ...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
Стравот поради кој не сте среќни и успешни, според хороскопскиот знак (и како да го надминете) Риби, сакате да мечтаете и да се „губите“ во вашите мисли, најмногу бидејќи ви е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg