Како (несвесно) си го уништувате животот во 30-тите, според хороскопскиот знак?
Бикови - желбата за стабилност не ви дозволува да го достигнете вашиот вистински потенцијал во 30-тите. Па, мора да се присилите да почнете да истражувате нови хоризонти. Како си го уништувате животот во 30-тите, според хороскопскиот знак?
За повеќето луѓе, 30-тите години се навистина чуден период од животот.
Ова е период кога сме возрасни и независни, но уште сме под влијание од 20-тите.
Ова е и период кога постои ризик да направиме голема грешка која ќе нè демне целиот живот.
Како си го уништувате животот во 30-тите, но и како да го спречите тоа, според хороскопскиот знак?
Овен
Вие сте лидер и ја користите енергијата за најважните аспекти од животот, како кариера и семејство.
Проблемот е што во 30-тите оваа енергија почнува да згаснува. Вашата страст како да исчезнува.
Почнувате да се прашувате дали она што го правите воопшто има некаква смисла или некаква цел.
Иако 30-тите можат да ви бидат напорен период, не дозволувајте вашата страст да згасне.
Продолжете да се движите со истото темпо и вашиот живот ќе биде многу подобар.
Бик
30-тите се можеби најризичниот период од вашиот живот.
Вие сте личност која сака рутина и стабилност, но 30-тите се период кога мора да направите некои промени и да го искористите досегашното искуство.
Па, овој период не смеете да си дозволите да стагнирате.
Мора да се спротивставите на желбата да останете во исто место и да истражите нови хоризонти. Во спротивно, нема да го достигнете вашиот потенцијал и ќе „заглавите“ во живот кој ви е монотон и здодевен.
Близнаци
За вас, 30-тите можат да бидат стресен период бидејќи доаѓаат промени за кои мислите дека не сте подготвени.
Вие сте исплашени од помислата дека ќе треба да се посветите на една цел или една одлука, но ова не ви дозволува да го достигнете вашиот потенцијал.
Поради вашата неодлучност и желбата за спонтаност, можете да испуштите бројни добри можности, а кога-тогаш ќе ги почувствувате и последиците.
Па, потрудете се да бидете поодговорни, без разлика колку страшно ви изгледа тоа.
Рак
Вашиот најголем проблем во 30-тите е тоа што премногу се фокусирате на минатото.
Наместо да гледате кон иднината и да почнете да работите на некоја нова цел, вие одново и одново се враќате на она што поминало.
Уште поголем проблем е што генерално се фокусирате на грешките и пропустите, а не на убавите нешта и успесите.
Сето ова ве обесхрабрува и наместо да се движите напред, останувате „заглавени“ во едно место.
Пробајте да го оставите минатото зад вас и во 30-тите променете си го фокусот кон иднината.
Лав
Некогаш знаете да бидете импулсивни, и додека ова не ви претставувало проблем во младоста, во 30-тите нештата се поразлични.
Во овој период од животот постои ризик да направите импулсивна одлука со страшни последици, како инвестирање на сите пари во нешто погрешно.
На некој начин, вие доживувате „средовечна криза“ уште во 30-тите. Не сте сигурни што сакате, а и почнувате да мислите дека сте многу стари за да направите нешто значајно.
Важно е да се ослободите од овие мисли кои не се воопшто вистинити и да бидете порационални.
Целиот живот е пред вас и ќе имате многу можности за успех.
Девица
Вие сте опседнати со тоа да бидете во право и сакате да имате контрола над сè.
Многу добро сте организирани и целосно им се посветувате на целите, па уште во 20-тите постигнувате значителен успех.
Додека ова е одлично, во 30-тите ве тера да мислите дека сте го достигнале својот врв. Убедени сте дека повеќе нема што да правите и дека отсега животот ќе ви се движи во надолна линија.
Овие мисли ве тераат да се откажете од многу цели и да кренете раце од навистина генијални идеи.
Престанете да им верувате на негативните мисли и самите ќе се убедите дека најдоброто допрва ве чека.