Како (несвесно) си го уништувате животот во 30-тите, според хороскопскиот знак?
Вага
Вие сте личност која бега од конфликти.
Подготвени сте да трпите понижување и навреди, само за да избегнете соочување со стресни ситуации.
Во 30-тите, ова може да се покаже како сериозен проблем.
Наместо да се борите за себе и за она што го заслужувате, вие се помирувате со помалку.
Ова, секако, ве прави несреќни.
Па, осигурете се дека во 30-тите ќе почнете да истапувате за себе и нема да дозволите другите да „газат“ врз вас.
Скорпија
Како и секоја Скорпија, вие сте мистериозна и затворена личност.
Истовремено, имате и мошне натпреварувачки дух и потајно сакате да бидете подобри од другите.
Иако некогаш ова ве мотивира, во 30-тите може да ви создаде низа проблеми.
На оваа возраст не можете да се однесувате исто како во 20-тите. Мора да бидете посериозни, мора да бидете повнимателни, но и мора да научите да бидете поотворени и вистински да се зближите со саканите.
Стрелец
За вас, 30-тите се навистина чуден период од животот.
Во 20-тите ја користите секоја можност за авантура и до крајот на деценијата, имате повеќе искуство од луѓе кои се многу постари од вас.
Вие сакате да продолжите со ова темпо на живот, но сфаќате дека во 30-тите немате ни доволно време, ни доволно енергија.
Нема ништо лошо во тоа што во 30-тите треба да си го промените фокусот и да бидете поодговорни, но вам ви е тешко да го прифатите тоа.
Мора да научите да ги цените и малите нешта во животот и да научите да се задоволите со нив.
Јарец
Во 30-тите мора да забавите и да научите да уживате во животот.
Вие сте научени постојано да работите на некоја цел и не дозволувате ништо да ве одвлече од тоа.
Проблемот е што додека сте зафатени со вашата кариера, животот ви минува и почнувате да се оддалечувате од сите сакани.
Во 30-тите мора да научите да се релаксирате – одете на одмор, дружете се со саканите и дозволете си вистински да уживате во сегашноста.
Водолија
Вие сте креативна личност која секогаш размислува надвор од кутијата.
Сепак, ова може да ви создаде проблеми во 30-тите.
Во овој период од животот, некои работи мора да ги сфаќате посериозно. Но, вашиот начин на размислување може да биде причина за луди идеи кои само ќе ви наштетат.
Во 30-тите пробајте повеќе да ги слушате другите – ако ви велат дека вашите идеи се луди и нереални, верувајте им.
Риби
Повеќето Риби едвај ги чекаат 30-тите бидејќи мислат дека дотогаш животот ќе им биде целосно среден.
Но, реалноста секогаш е поразлична, па кога ќе стигнете до 30-тиот роденден и ќе сфатите дека имате уште многу за средување, се чувствувате разочарано.
Ако, пак, ги имате достигнато поважните цели, ќе почнете да се чувствувате обесхрабрено. Мислите дека повеќе нема што да правите и се плашите дека животот ќе ви стане монотон.
Во која ситуација и да се наоѓате, важно е да запомните дека целиот живот е пред вас и ве очекуваат уште бројни примамливи можности.
Спирова С. | Црнобело