Во Х-фактор нема да има ниту девојки ниту бендови од Македонија

По вчерашната втора емисија од фазата bootcamp во Х-фактор, кога Жељко ги одбираше неговите шест девојки, а Тончи неговите шест бендови, не остана ниту една девојка, ниту бенд од Македонија.

vo-x-faktor-nema-da-ima-nitu-devojki-nitu-bendovi-od-makedonija-01

Бурна и стресна вечер и за жирито и за кандидатите, со многу емоции, различни одлуки, солзи и срцебиења.

Не беше воопшто лесно Жељко да одлучи на кои 6 девојки ќе им биде ментор во понатамошното натпреварување, со оглед на талентот и квалитетот кој го имаат.

Битолчанката Марија која и на првата аудиција воодушеви со својот глас и стил на пеење истото го направи и сега, но само додека не дојде 17-годишната Ива, која според жирито и она што го покажа на сцена клекната пред Жељко Јоксимовиќ, заслужи да биде заменета и да седне на местото на Марија.

Ниту во бендовите, иако имавме дури 3 дуети  како македонски претставници, сепак никој не успеа да го воодушеви Тончи.

Во понатамомошното натпреварување од Македонија продолжуваат Давид, Боби и Алмир.

Погледнете дел од атмосферта:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg